Паметните телефони на Nokia се скапи и неоригинални, велат европските оператори

Nokia не е способна да произведе паметен телефон кој ќе биде конкурентен со iPhone на Apple, Galaxy уредите на Samsung и Android уредите на Google, велат четири големи европски телеком оператори, кои продаваа Nokia телефони од почетокот на годината, за Reuters.

Операторите не се убедени дека Nokia ги нуди тенките, обоени телефони под соодветна цена. Тие сметаат дека се прескапи за пазарот на кој конкуренцијата има посупериорни уреди кои работат на подобар оперативен систем со поголем избор на апликации. Често корисниците не сакаат да менуваат уреди токму поради затворениот пристап до апликациите кои работат на само една платформа, па е тешко да се започне нова навика со нов уред.

Пред една година, Nokia стапи во партнерство со Microsoft и го прифати Windows Phone 7 како примарна платформа за своите уреди. Но, според операторите иако софтверот е добар и има интересни функционалности, сепак многу корисници не се запознаени со тоа.

„Никој не доаѓа во продавница и бара Windows Phone уред.“, вели директор на еден од европските оператори кои продаваа Lumia телефони. Интересно, директорот, кој е анонимен поради осетливоста на дискусијата, вели дека „aко Lumia со ист хардвер работи на Android ќе биде полесно за продавање.“

„Nokia си постави двоен предизвик пред себе: да ја поврати кредибилноста во правење на добар хардвер и да успее со оперативниот систем на Microsoft кој заостанува на пазарот.“

Иако операторите не се задоволни од Nokia, сепак тие се надеваат дека финската компанија ќе излезе со конкурентен уред кој ќе ги заинтересира корисниците. За операторите е важно да можат да им понудат избор на корисниците, но во исто време изборот ќе ја зголеми конкуренцијата и ќе влијае врз производителите да ги намалат цените, или како што вели друг оператор, „да ја намалат доминацијата на Apple“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии