Паметните телефони го освојуваат светот благодарение на апликациите за пораки

Во 2013 година користењето на паметни телефони е зголемено за 115 отсто, а порастот е предводен од апликациите за испраќање пораки, јавува Flurry. Апликациите за пораки и друштвените мрежи имаат пораст во својата употреба од дури 203 отсто; зад нив се апликациите за продуктивност како Evernote и Quip и сличните на нив со 149 отсто. Апликациите кои се најдобри во заработката видео игрите се со раст со 66 отсто.

Апликации кои најмногу предонесуваат во растот се WhatsApp, Viber, WeChat, KakaoTalk, LINE, Facebook Messenger и иако ова можеби не е изненадување порастот е навистина голем. Можеби поради ова Facebook веќе работи на интегрирање на пораки во платформата за споделување на фотoграфии Instagram.

Mинатата година е рекордна и за користењето на апликации. Аналитичарите забележаа дека 4,7 милијарди апликации се употребувааат днево, или 1,126 билиони се отвараат на годишно ниво.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии