Паметните часовници наскоро ќе нѐ предупредуваат кога се разболуваме

Паметните часовници наскоро би можеле да имаат навистина корисна функционалност. Тим истражувачи предводени од Мајкл Снајдер од универзитетот Стенфорд, тестира дали часовниците можат да се користат за предупредување за болести.

Во експериментот учествуваат 43-учесници, а експериментот трае 2 години, јави TechCrunch. Учесниците последните две години се постојано следени, додека патуваа, беа болни или имаа проблеми со спиењето. Тимот сега е убеден дека паметните часовници можат да се користат за да дознаеме кога се разболуваме. Дел од болестите кои се детектирани се лајмската болест (инфективно заболување предизвикано од бактерии), чувствителност на инсулин и измореност од патување.

За жал, паметните часовици сè уште не можат да ја дијагностицираат прецизно болеста, но можат да забележат кога нешто не е во ред со организмот.

„Преносните био-сензори ќе имаат важна улoга во одржување на здравјето и здравствена заштита за групи на кои вообичаено поради социо-економски или географски причини им е делумно достапна.“, велат истражувачите во извештајот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии