Паметниот телефон на Mozilla ќе се појави при крајот на 2012-та

Првите паметни телефон од Mozilla кои ќе работат на оперативниот систем Boot to Gecko (B2G) ќе се појават во Бразил кон крајот на 2012-та година, открива бразилскиот ИТ блог, Ztop. Нема детали за кој ќе биде производителот на уредот.

Mozilla го претстави слободниот Boot to Gecko уште во јули 2011-та година, кога беше најавен како ривал на Google Android. B2G е именуван според Geckо софтверот кој му помага на Firefox како да ги прикаже веб страните, и ќе треба да им дозволи на корисниците да имаат целосна контрола врз телефонот и апликациите.

Апликациите ќе бидат налик на веб страници изработени во HTML5, и како такви ќе можат да споделуваат линкови и податоци, и да понудат офлајн пристап. Ова ќе биде обид да се отргнат програмерите од сега-прифатениот модел на „затворени градини“, односно да се креираат апликации кои работат само на една платформа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии