Паметниот часовник Samsung Gear ќе биде претставен на 4-ти септември

Samsung и официјално најави дека паметниот часовник Galaxy Gear доаѓа во септември. Часовникот ќе биде претставен во Берлин на отворањето на IFA саемот за електроника И ќе доаѓа со Android оперативен систем и нефлексибилен дисплеј, известува Korea Times. Интересно, се чини дека со раното претставување на часовникот Samsung ќе се обиде да го засени новиот iPhone и Apple од кои се очекува да престават и паметен часовник.

„Gear нема да доаѓа со флексибилен дисплеј. Новиот уред ќе го прошири и збогати моменталното искуство со телефоните на многу начини. Ќе започне нов тренд на мобилна комуникација. Убедени сме дека Gear ќе додаде забележително придвижување во мобилната индустрија.“, вели Лее Јанг-хи

Заедно со Galaxy Gear своето деби ќе го има и фаблетот Galaxy Note 3. Покрај овие најави, Samsung искористи ова интервју за да ги демантира гласините дека се заинтересирани за аквизиција на BlackBerry или патентите во сопственост на компанијата. На прашањето за Blackberry таа одговори „Samsung не ја разгледува оваа можност“.

1 коментар на “Паметниот часовник Samsung Gear ќе биде претставен на 4-ти септември

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии