Паметниот асистент МаркО оди на Demo Day во Краков

MаркО, мобилниот асистент на македонското студио за мобилни апликации CodeWell, оди во Полска каде ќе треба да импресионира повторно на Demo Day на Hubraum Krakow. MаркО е победник на еднодневниот натпревар во Скопје организиран од стартап инкубаторите Hubraum и SuperFounders Skopje.

Пред судиите во Скопје беше Мартин Анчевски, главниот iOS дизајнер на CodeWell чија задача беше да го претстави МаркО и да убеди дека нивниот мобилен асистент е поразличен од другите. Мартин вели дека на настанот имало малку тимови, но тие биле квалитетна конкуренција, која била пофалена и од менторите на miniWarp. Сепак само еден стартап оди во Полска.

„Околу тоа што беше пресудно за да победиме на натпреварот тешко е да се знае со сигурност, но според мене мислам дека судиите успеаа да ја согледаат нашата визија за МаркО и тоа како ќе расте и еволуира во иднина. Исто така мислам дека го согледаа потенцијалот на користење на функционалностите на МаркО во една корпоративна околина“.

МаркО е локациска to-do апликација, најавена наскоро за Android, и моментално во затворена бета. Апликацијата е потсетник кој потсетник кој ве известува за обврските кога ќе се приближите до локацијата каде треба да ги извршите тие обврски. Пример, ако треба да купите апчиња по патот до дома, може да си тагирате аптека, и штом ќе бидете во близина апликацијата ќе ве потсети дека, нели, треба да купите апчиња.

[youtube]ZsFFbV3GVKc[/youtube]