Life Beam е компанија која соработува со војската на САД и произведува делови за кацигите на пилотите. На барање на двајца вработени велосипедисти во Life Beam, компанијата креираше и паметна кацига за велосипедистите, која ја мониторира работата на срцето. Кацигата е финансирана преку краудфундинг сервисот Indiegogo.
Кацигата е изработена во соработка со Lazer Sport кој ја изработуваат кацигата на која се монтира сензорот. Сензорот освен што ја мери работата на срцето е компатибилен со најголем број на фитнес апликациите, а резултатите ги презентира и на паметен телефон, часовник или компјутерот на велосипедот. Покрај сензор за мерење на работа на срцето, уредот е опремен со брзиномер, Bluetooth 4.0, батерија со траење 15 часови, а монтирањето ја прави кацигата потешка за 50 грама.
Најголема предност ќе биде недостатокот на појаси со кои вообичаено се поврзува сензорот за мерење на работата на срцето, а вообичаено се прилично неудобни. Наместо ова за Life Beam е потребно единствено сензорот да се допира до челото на корисникот. Можни подобрувања за во иднина се детекција за судар, локатор на велосипедот, интеграција со тренер за велосипедисти, но и дополнителен SIM и GSM сензор.
Првите пратки на LifeBeam кацигата за велоспеди ќе започнат да пристигаат во септември, ако судиме според Indiegogo, цената би требала да биде нешто над 200 долари.
[youtube]a25jLNomFuo[/youtube]