Паметна етикета треба да стави крај на фалсификувањето производи

Image courtesy of Reuters

Производството на различни фалсификувани производи е сериозен проблем во Кина. Кинеската компанија WaliMai се обидува да стави крај на фалсификуваните производи со RFID-етикета.

Паметната етикета треба да биде доказ за купувачите дека производот е автентичен, вели Reuters.

Етикетите се креирани со RFID чип кој го следи пакетот од првата од последната станица. Наместо продавницата, етикетата го следи патот на производот, па корисникот ќе знае од каде потекнува робата. Купувачот може да го искористи својот паметен телефон за да ја скенира етикетата и да го прегледа целото патување.

За скенирање на етикетата се потребни околу 2 секунди. По ова време, на телефонот се префрлени податоци за локациите на производството, пакувањето и патот од производство до продавница.

Безбедноста на налепницата е на „банкарско“ ниво, тврди Алексадар Бусаров од WaliMai. Секој чип има единствен број за идентификација, а со самото отворање на производот, чипот е унипштен и ако некој сака да го злоупотреби мора да го поврзе во речиси лабораториски услови.

Прва примена на етикетата ќе биде кај алкохолните пијалаци. Фалсификувањето на алкохол во Кина веќе станува сериозен проблем, а етикетата може да помогне да биде надминат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии