Паметен фластер ве известува кога треба да ги испиете лековите

Медицински тим од Јужна Кореа работи на револуционерно решение кое ќе стави крај на заборавање на пиењето на лекови или предоцно сеќавање дека сте ги заборавиле апчињата дома. Решението е паметна лепенка на кожата која овозможува навремено и точно дозирање на лековите, јави New Scientist.

Ова не само што ќе овозможи навремено пиење на антибиотиците на пример, туку и ќе оневозможи дел од болните самостојно да си препишат поголема доза на лекот доколу мислат дека им е потребна. Лентата е дебела 1 милиметар, широка 5 сантиметри и наликува на фластер, со основна разлика што е креирана од растегливи нано-материјали. На неа се поставени нано-мембрани, а лентата може да ги детектира треперењата, на пример во случај на Паркинсонова болест или епилепсија, и во овие моменти, температурно се активираат наночестичките и ги испуштаат лековите за да го смири пациентот.

„Луѓето се заинтереситани за континуирана и контролирана достава на лекови… Во иднина треба да биде интегрирана бежична компонента, а потоа фластерите ќе треба да бидат на бежичната мрежа, што ќе им овозможи на лекарите побрза дијагноза и испуштање на лековите од лепенката веднаш“, вели Дае-Хионг Ким за Verge.

Но, засега лепенката има доста проблеми бидејќи е можно активирање и во погрешни моменти. Медицинскиот тим кој работи на проектот предвисува дека технологијата ќе биде подготвена за употреба за 5 години.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии