Паметен дом со ограничен буџет: Автоматизација со Siri и хардвер од 150 долари

Повештите сопственици на iPhone ќе можат за само 150 долари самите да го автоматизираат својот дом. Проектот на Reddit корисникот Tommit, чие видео може да го погледнете подолу, покажува како може да се направи паметен дом само со мини-компјутерот Raspberry Pi и софтверот openHAB. Останатите пари се потрошени на паметни светилки кои се управуваат со openHUB и Orvibo Wiwo паметен приклучок.

Клучот на автоматизацијата се чини е Siri, гласовниот асистент на Apple, која ги испраќа командите до мини-компјутерот кој потоа вклучува или исклучува апарати. Гласовниот асистент е доволно „паметен“ да може да активира посложени команди, па на видеото може да видиме како со команда за забава се прилагодуваат светилките и се вклучува музика. Со оглед на тоа дека Siri се користи единствено за испраќање на командите до Raspberry Pi, со модификации проектот најверојатно може да се искористи со било кој телефон кој доаѓа со гласовен асистент.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии