Paladins ќе има Battle Royale мод, слично на PUBG

PlayerUnknown’s Battlegrounds, или PUBG не само што освои еден куп награди туку и успеа да се издвои како една од најпродаваните и најиграните игри на Steam. Токму поради ова воопшто не изненадуваат одлуките на останати гејмерски студија да имплементираат вакви модови во нивните игри. Fornite стана исклучително славна и игрива со воведување BR мод, а и од неодамна се шушка за слична имплементација во CS:GO.

Најновата од игрите која сака дел од ваквиот колач е и чедото на Hi-Rez, Paladins: Champions of the Realm.

Според официјалните податоци од саемот Hi-Rez Expo 2018, Paladins: Battlegrounds се претставува како првата игра која ќе понуди Battle Royale со херои и ќе „комбинира борбени способности со survival гејмплеј механики во еден фантазиски свет, сè со цел да се понуди нешто ново“.

Преземајќи механики од познат урнек, меѓутоа, Paladins: Battlegrounds ќе впушти 100 играчи на мапа која ќе биде 300 пати поголема од стандардна Siege мапа. Како времето поминува така мапата се стеснува со магла. За време на овие 20 минутни мечови, играчите може да создаваат тимови, да јаваат животни или да бараат оружја и плен.

Paladins: Battlegrounds би требало да излезе во 2018 година, но игрива, рана верзија беше овозможена за време на Hi-Rez Expo. Во меѓувреме, фановите можат да очекуваат нов шампион, нов Deathmatch мод и нови животни за јавање во Paladins: Champions of the Realm.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии