Пакистанците мора да остават отисоци од прсти ако сакаат да користат телефон

Во борбата со тероризмот Пакистан е приморан да принаоѓа покреативни (и подраматични) решенија за заштита на сопствените граѓани. За да ја отстрани можноста терористите да ги користат телефоните, Пакистан донесе закон со кој се забранува користење на телефони за корисници со непознат идентитет. Идентитетот треба да се потврди со оставање на биометриски податоци односно отпечатоци на прстите. Доколку ова не го направат нивната SIM-картичка, а со тоа и услугата, ќе им бидат блокирании од 15 април.

Причина за ригорозните мерки е нападаот на училиштето во кој загинаа 150 деца, а учесниците се координирале и комуницирале со помош на телефони, кои биле пријавени на име на госпоѓа која со напаѓачите нема ништо зедничко, јавува Washington Post.

Пакистан има 103 милиони издадени SIM-картички, од стапуването на законот во сила пред 6 недели до сега, преку биометриско скенирање, регистрирани се 53 милиони SIM картички, кои им припаѓаат на 38 милиони корисници.

„Откако ќе заврши верификацијата на SIM картичките и блокирањето на неверификуваните картички, оваа алатка повеќе нема да им биде достапна на терористите“, вели претставник на Минстерството за внатрешни работи на Пакистан.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии