Paint сепак ќе ja преживее Windows 10 Fall Creators надградбата

Microsoft сепак нема да го „закопа“ Paint. Компанијата најави дека од следната надградба, која се очекува наесен, Paint нема да биде достапен. Сепак, одговорот на корисниците ги изненади сите, па компанијата мораше да се премисли.

Пред да ја промени одлуката, Microsoft објави дека ќе го прекине Pаint. На негово место ќе биде достапен Paint 3D. Нејасно е дали стана збор за недоразбирање или компанијата остана затечена од љубовта кон Paint, но Microsoft излезе со дообјаснување.

Наместо како во изминатите 32 години Paint да биде дел од оперативниот систем, сега ќе биде бесплатно достапен од Windows Store.

„Денес забележавме неверојатна поддршка и носталгија околу MS Paint. Ако нешто научивме, тоа е дека во овие 32 години, MS Paint се здоби со многу фанови. Неверојатно е да се види колку многу ја сакаат оваа наша стара добра апликација“, вели Меган Сандерс од 3D for Everyone иницијативата на Microsoft.

Покрај помалку ограничувачките алатки на распологање во Paint, навистина и нема нешто што не може да го направите. MS Paint доаѓа со сите верзии на Windows и е најверојатно наједноставниот софтвер за цртање. Пред да кажете „Ама не може да се направи ова…“ ве потсетуваме на Миранда Лорикит.

Уметничките дела на Миранда Лорикит – LazyBones

Миранда Лорикит од Сиднеј, Австралија, успева да направи вистински уметнички дела со една од наједноставниот софтвер на светот – MS Paint. На нејзиниот Tumblr профил, LazyBones, можете да ги видите фотографиите и сликите направени единствено со оваа алатка. Сепак, ограничениот софтвер не ја спречува да креира навистина прекрасни дела. Таа дури има и едноставен туториjaл со кој на заинтересираните им го објаснува процесот на креација.

Images courtesy of LazyBones / Tumblr / http://lazybonesillustrations.tumblr.com/

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии