Паѓа бројот на корисници кои сметаат дека интернетот е добар за општеството

Без сомневање, интернетот е една од продобивките на модерната технологија. Пристап до податоци, платформи, можност за развој на технологии кои претходно не сме можеле да ги замислиме.

Сепак не поминавме баш толку лесно. Во замена за дел од овие услуги  и сервиси моравме да одлучиме колку од нашата приватност сакаме да замениме за нив. Дополнително, мора да им довериме на чување дел од нашите податоци на компаниите, а компаниите ова не го прават секогаш одговорно.

Во последно време сѐ поголем дел од нас е свесен за можните последици и опасности. Можеби токму неколкуте проблеми со протекување на податоци, пробивање на заштитата и целиот Cambridge Analytica скандал го менуваат своето мислење.

Процентот на бројот на корисници кои сметаат дека интернетот е добар за општеството е паднат 6 % во однос на 2014 година, покажува истражувањето на Pew Internet.

Во 2018 година 70% од луѓето сметаат дека интернет е добар за општеството. 14% сметаат дека е мешавина на добро и лошо. Исто толку, 14%, сметаат дека интернетот е исклучиво лош.

Можеби и не е изненадување дека интернетот е исклучиво добар, сметаат помладите и испитаниците со завршен барем колеџ (81%); 61% од испитаниците со средно образовние сметаат дека интернет е добар.

Корисниците кои сметаат дека општеството е подобро со интернет како предности ги истакнале:

  • побрзиот пристап и пошироката достапност до информации
  • можноста за поврзување со други луѓе, пријатели и семејство

Интересно, противниците сметаат дека ситуацијата е спротивна. Поточно, како главен недостаток е посочено отуѓувањето на луѓето едни од други и нивна изолација, дополнително, дел од испитаниците ги споменаа и погрешните податоци и негативното влијание врз децата.

Growing share of online adults say the internet has been a mixed blessing for society

Анализата е направена во САД, во период од 3 до 10 јануари. Целиот документ е достапен тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии