Падот на продажбата на iPhone не го забавува Apple, приходите 4.6% повисоки од лани

Дејан Соколоски

во Свет

Во првите три месеци од  2017 година, Apple продаде помалку телефони, отколку во истиот период минатата година. Ова звучи полошо отколку што навистина е, бидејќи компанијата сепак продаде 50.8 милиони телефони, само 1% помалку од минатата година. Добра вест е дека Apple сепак заработи 4.6% повеќе од лани.

Главна причина за повисоката заработка, е подобрата продажба на поголемиот и поскап iPhone 7 Plus, вели BBC. Ова е една од оние „добра вест, лоша вест“ ситуации, бидејќи зголемената продажба на уреди со поголем дисплеј продолжи да ја намалува продажбата на iPad. Ситуацијата со продажбата на iPad е толку лоша, што единствено првото тримесечје на iPad е полошо од ова. Податоците за второто тримесечије од фискалната 2017 година покажуваат дека во овој период компанијата продала единствено 8.922 милиони iPad таблети. Единствено полошо тримесечје е од 2011 година, вели Venturebeat.

Можеби најдобрата вест за Apple е што за разлика од сите останати производители, тие немаат проблем со продажбата на компјутерите. Компанијата продаде 4.2 милиони Mac компјутери, пораст од 4% во однос на истиот период минатата година.

Зголемена заработка очекувано имаат и сервисите на Apple, како и Apple Watch и Apple TV.

Оваа година се одбележуваат 10 години од првиот iPhone. Помалку неоправдано, корисниците и инвеститорите очекуваат некој специјален нов телефон. Доколку компанијата не успее да го оствари ова, цената на акциите може значително да падне.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии