Падот на Million Dollar Homepage

Пред неколку месеци Reddit како дел од социјален експеримент им овозможи на посетитетлите да учествуваат во боењето на празно платно. Секој посетител можеше да дојде и да обои некој пиксел со некоја боја. Корисниците брзо се организираа, а потоа беа креирани интересни слики. Ова не е прв ваков експеримент.

Околу 12 години порано, во 2005 година, британскиот студент Алекс Тју имаше идеја од милион долари. Million Dollar Homepage започна како празно платно 1.000 х 1.000 пиксели. Секој можеше да купи простор од 10 х 10 пиксели за 100 долари или 1 долар за пиксел. Страницата успеа да заработи 1.037.100 долари, малку повеќе од од основата сума бидејќи 1000 пиксели се продадоа на аукција за 38.100 долари.  Секој сегмент можеше и да се одбележи со url и текст по избор на купувачот, вели Џон Боверс. Ова URL секако се користеше најчесто за реклами цели и за редирект до страницата која сликата ја претставува.

Страницата денес е показател за предизвиците и проблемите на дигиталното архивирање. Самата страница е одличен показател и за промените на интернетот.

„Падот на Million Dollar Homepage зборува за предизвикот на полето на дигиталното архивирање. Значењето на дигиталните артифакти често е поврзана и зависи од можноста за пристап до другите дигитални артифакти со кои страницата е поврзана, и вмрежена…
Поради ова, процесот на архивирање на дигитален објект не завршува со архивирањето на самиот објект“, вели г. Боверс.

Иако страницата пред 12 години тврдеше дека ќе поседувате дел историјата, сепак денес е показател за промените. Million Dollar Homepage денес е главно нефункционален сајт. Најголем дел од поранешната функционалност на страницата со исклучок на сликата, е отстранетета. Секој од горните линкови ќе ве однесе до грешка 404.

Слика е совршен показател на естетиката на интернет 2005, и е непроменета оттогаш. Линковите на сликата се во добар дел нефункционални или денес редиректираат до сосем други страници. Импресивно е што сепак дури 1.780 линкови од 2.816 сè уште функционираат и постојат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии