Паднатиот GoDaddy изгаси милиони сајтови, одговорноста ја презеде член на Anonymous

Илјадници и можеби милиони, веб страни останаа недостапни откако „падна“ GoDaddy.com . Вчера серверите на GoDaddy беа недостапни речиси 5 часа, а најмногу страдаа малите компани на кои им се потребни веб страните. GoDaddy хостира 5 милиони страни, но бројот на регистрирани домени е 10 пати поголем.

Иако непотврдено, одговорноста за нападот ја предзема AnonymousOwn3r, член на хактивистите Anonymous. Според хакерот, целта му било да ја провери безбедноста, но и од друга причина која сè уште не ја обелоденува. Иако AnonymousOwn3r на својот твитер профил сам ја предзеде одговорноста за нападот, хактивистите Anonymous го поздравија нападот врз GoDaddy. Претпоставка е дека нападот е одмазда за поддршката која ја даде GoDaddy на PIPA и SOPA.

Причина за недостапноста на илјадниците сајтови лежи во DNS серверите кои беа срушени. Ова одговара и на објавата на непотврдениот напаѓач кој потврдува дека ги срушил DNS серверите.

До крајот на вечерта (доцна во вечерта по македонско време), најголем дел од веб страните беа повторно покренати и функционираа нормално. Покрај веб страните недостапна беше и електронската пошта на GoDaddy. За среќа податоците на корисниците се недопрени. Во најголем дел провајдерот го споделуваше напредокот на својот Twitter профил.

До сега GoDaddy не ја објави причината за недостапност на услугата, ниту го потврди нападот од AnonymousOwn3r.

2 коментари на “Паднатиот GoDaddy изгаси милиони сајтови, одговорноста ја презеде член на Anonymous

  1. GoDaddy имаа проблем со DNS серверите. Уште во саботата наутро, на многу мои домејни кај GoDaddy
    беше променет A-Record со нова IP адреса, којашто IP адреса беше со Malware script.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии