Падна првата казна за нарушување на новите правила за приватност во Европа

Дејан Соколоски

во feature, Вести, ИТ.ЕУ

Француските законодавци му изрекоа казна од 50 милиони евра на Google за нарушување на новите правила за приватност, пренесе Washington Post.

Причината за казната е тоа што Google на своите корисници не им објаснува јасно кои лични податоци ги собира и зошто ги користи. Дополнително, Google не обезбедил дозвола од корисниците за да им прикажува персонализирани реклами, вели CNIL, француска агенција за заштита на податоци.

Google веќе излезе со соопштение по повод одлуката и изгледа дека не се сосем решени што ќе направат.

„Ја разгледуваме одлуката и ќе решиме кои ќе бидат нашите следни чекори. Луѓето очекуваат високи стандарди за транспарентност и контрола од нас. Посветени сме на исполнување на овие очекувања и барањата за согласност со GDPR“.

Според GDPR компаниите мора на своите корисници да им ги предочат сите податоци кои ги користат како и да им објаснат како овие податоци ќе бидат користени. Кога  се во прашање личните податоци законот е строг и со него Европа се обидува да ги заштити своите граѓани од злоупотреба. Ако немаат целосна транспарентност компаниите, како што го искуси тоа и Google, ќе добијат високи казни.

Веста за казната ја поздравија невладините организации кои се залагаа за поголеми права на корисниците и поголема приватност. Дел од активистите сепак велат дека казната е преблага и дека Европа ќе мора да користи повисока казна за да ги „дисциплинира“ американските гиганти.

Google секако не е единствeната компанија која ги прекршува правилата донесени со GDPR, а каков ќе биде одговорот на Европа веројатно ќе видиме наскоро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии