Овој викенд YouTube митап во Борис Трајковски

Овој викенд се одржува голем YouTube митап во салата Борис Трајковски во Скопје.

Настанот е поддржан и организиран од најголемите македонски јутубери. Bobi Beatbox, GP, Winncoot, Steffonator, Bambo, Иван Ајнштајн, IB, Blostur, Darko Atanasovic, Antonio HD, BonnoTV, LordOFails, Андреј Прави Влогови и Nikola’s Art House се дел и организатори од настанот.

 „Ќе биде скроз лудо, ќе има челинџи, гејминг, пеење, зезање, Q&A, влогање… Ќе биде настан за кој многу долго ќе се зборува, ќе се прашува кога пак и зошто не побрзо?“, велат организаторите.

Настанот ќе трае 3 часа, но нема никаква временска рамка, ако на посетителите им се седи и повеќе YTMKD може и да продолжи. Ако ви треба повеќе мотивација да отидете, еве како изгледаше минатиот митап во Битола:

или неодамна во Кавадарци:

Она што е најимпресивно е што настанот го организира помлада генерација. Се чини дека како и за снимањето, стримањето и монтирањето и за организирањето на настани се самоуки.

Билетите одамна се во продажба и може да се најдат во Југотон или на Ticketplus.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии