Овој викенд во Гоблин: Последен турнир од Hearthstone лигата пред финалето и поглед на новата експанзија

Image courtesy of Hearthstone / Youtube

Овој викенд љубителите на Hearthstone ги очекува екстра забава во Гоблин. Освен последниот турнир од Хартстоун лигата пред големото финале, посетителите ќе може да анализираат и да теоретизираат околу картите од следната експанзија Kobolds & Catacombs.

Сите кои нема да учествуваат во лигата, а сакаат да играат, ќе можат да учествуваат во Fireside Tavern Brawl – A Spirited Competition.

Правилата за учество се стадардни и на учесниците веќе им се познати. Се игра стандард, 4-5 кола по швајцарски систем со Топ 4. Сите учесници ќе играат со 2 дека, по еден од две различни класи.
Победникот ќе биде подобар од 3 или со две добиени партии, по една победа со двата дека. За пријавување потребно е да испратите име, презиме и „battle tag“ на contact@goblingames.com.mk.

Турнирот ќе се одржи на 25 ноември, сабота и почнува 14:00 ч во Гоблин. Повеќе податоци на Facebook-страната на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии