Овој месец, Ubisoft ја подарува Assassin’s Creed III

Како седма и последна игра од кампањата на Ubisoft да ги одбележат 30-те години од нивното постоење, гејмерите ја имаат уникатната можност бесплатно да ја преземат и играат Assassin’s Creed III!

На времето, играта беше позитивно прифатена и зад насловот се наоѓаше легија од позитивни придавки за графиката, приказната, борбениот систем и бродски битки. Играта беше популарна до таа мерка да, во 2012 година, беше номинирана за награди во шест категории на настанот Spike Video Game Awards. Истата година Game Revolution ѝ ја додели наградата Game of the Year 2012, а во 2013-та година за настанот D.I.C.E. Interactive Achievement Awards, Assassin’s Creed III ја зграпчи наградата за неверојатно достигнување во анимација, а и беше номинирана за авантуристичка игра на годината, како и неверојатно достигнување во одделот за звук. Како да тоа не е доволно, играта беше номинирана и во четири категории за настанот Game Developer’s Choice Awards. Она што сакаме да ви кажеме е дека играта е навистина, ама навистина добра и би било штета да ја пропуштите можноста и вие да си се наградите со бесплатен примерок.

За преземање и играње на Assassin’s Creed III потребна е употребата на клиентот на Ubisoft – Uplay! Имајте во предвид дека, со оглед на популарноста на промоцијата, серверите на Ubisoft константно се под константен напад на посетителите и потребно е да сте неуморни во намерата да зграпчите примерок.

Бесплатните игри од претходните месеци беа Prince of Persia: The Sands of Time, Tom Clancy’s Splinter Cell, Rayman® Origins, The Crew, Beyond Good and Evil и Far Cry: Blood Dragon. Доколку ги отклучивте сите игри, со преземање на Assassin’s Creed III добивате уникатна дигитална значка која можете да ја поставите на вашиот профил.

Мало потсетување дека покрај овој начин на славење, француските издавачи имаат припремено по едно изненадување за секој ден во декември. Првото од таквите изненадувања беше мобилната верзија на Rayman Classic. За увид во сите награди, проверувајте тука! Поголемиот дел од дневните „изненадувања“, меѓутоа, се во форма на дигитални постери, слики и декорации, но дефинитивно би сакале да споменеме дека 300 копии од трите најнови игри на Ubisoft ќе се доделат на најсреќните и најбрзите посетители на 09 декември, а на 15, 16, 17 и 18 декември уште еднаш ќе се подарат на сите Prince of Persia, Rayman Legends, Splinter Cell и The Crew.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии