Овој Божиќ завртете виртуелна пита со паричка

IT.mk редакција

во Вести

Таман за Бадник, и во период во кој физичката дистанца е сè уште исклучително важна Стефан Алексиќ од Challenger ни претставува нов хоби проект. Паричето.мк е дигитална пита со паричка која треба да ни помогне да „завртиме“ пита со паричка на безбеден начин, физички оддалечени, но сепак во друштво на пријателите или семејството.

„Сакам луѓето безбедно да ги прославуваат празниците. Чуствувам дека сме при крај со кризава ама мора да издржиме уште малку. Се надевам дека апликацијава ќе им помогне на сите оние кои не можат да седнат на заедничка маса на претстојните празници“ вели Стефан Алексиќ. Паричето.мк е создадена со цел да не сплоти во миговите кога сме оддалечени едни од други.

Апликацијата е едноставна за користење. Откако ќе отидете на веб-страницата, најпрво треба да ги внесете имињата на учесниците. Бројот на учесници не е ограничен, а платформата е тестирана со 40 учесници. Потоа се одбира парче од питата за секого и веднаш по ова ќе дознаете кај кого се паднало дигиталното париче оваа година.

Нека ве послужи среќата и се падне паричката кај вас (дома или преку платформата), чувајте се, а воедно користете ја и мобилната апликација Challenger која ве наградува додека пешачите и трчате, а со тоа се грижите за почист воздух и почисто Скопје, додава г. Алексиќ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии