Overwatch собра скоро 13 милиони долари во борбата против ракот на дојката

Overwatch се одликува со една од најголемите и најдарежливите фанови кои во ниеден случај не го одбиваат предизвикот за донирање пари за добротворни цели.

Во случај да сте и вие фан на играта, најверојатно сте запознаени со мајската кампањата на Blizzard Entertainment. Pink Mercy кампањата започна во мај годинава, а целта беше да се активираат гејмерите и да се соберат финансиски средства против ракот на дојката. За 15 долари, играчите можеа да отклучат нов, розев костим за Mercy – еден од бројните херои во Overwatch. Mercy, патем, е херој кој ги поддржува останатите херои со лечење и зголемување на нивните офанзивни можности. По цена од 30 долари, Blizzard Entertainment продаваше и маици со кратки ракави. Ваквата понуда излезе исклучително примамлива затоа што фановите успеаја да донираат неверојатни 12.7 милиони долари. Сите придобивки од ваквата кампања беа автоматски пренесени на сметка на истражувачката фондација за ракот на дојката.

„Благодарение на огромната дарежливост на Overwatch заедницата за време на Pink Mercy кампањата, успеавме да собереме над 12.7 милиони долари за да ја поддржиме фондацијата против ракот на дојката (Breast Cancer Research Foundation)“, објаснува претставник од фондацијата и додава дека, во последните 25 години, ова била најголемата донација која ја примиле за една година од корпоративен партнер.

Моќта на гејмерите и нивната дарежливост е огромна. Некој кој бара доказ во ова не треба да оди подалеку од Overwatch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии