Overwatch е бесплатна за играње цела недела

Overwatch е игра која лесно можете да ја засакате. Дури и да не сте по директни напади, можете да одберете класа за лечење или поддршка и на тој начин да го дадете својот придонес. Ваквата разноликост на ликовите, искомбинирана со уникатната динамичност на мапите и бројните режими на играње, резултираа со забавен фактор на исклучително високо ниво. Во случај да сѐ уште да ја немате пробано Overwatch или пак сакате да ги видите најновите промени од последниот пат кога сте ја провериле, играта ќе биде бесплатна за играње скоро цела недела, од 20 до 26 ноември.

Сите заинтересирани ќе можат да ги проверат сите херои, како и најновото деструктивно дуо од Аш и Боб. Низ 19 мапи, ќе можете да се втурнете во бројни модови преку Quick Play, Custom Games, и Overwatch Arcade. Без какви било рестрикции, можете да го зголемувате вашето ниво и да добивате кутии со плен кои кријат бројни работи од естетска природа. Во случај да ја купите играта, целиот напредок од пробниот период автоматски се префрла.

Паралелно со ова, доколку играчите го поврзат нивниот Blizzard акаунт со тој на Twitch и гледаат два часа стримови поврзани со Overwatch, ќе добијат три графити со херојката Аш и нејзината ултимативна моќ – Боб.

Повеќе детали имате тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии