Overwatch е бесплатна за играње цела недела

Една од најпопуларните игри за мрежно препукување станува бесплатна за играње. Од овој момент, па се до 4 декември, шутерот на Blizzard ги отвора портите за сите заинтересирани. Без никакви рестрикции, можете да проверите дали насловот го заслужува вашето внимание и, доколку се збогатите со позитивни импресии, можете да ја купите легендарната едиција со 50% попуст (стандардната едиција е со 25% попуст). Легендарната едиција се одликува со ексклузивни изгледи за одредени ликови во играта, како и бонус додатоци за некои од другите игри на Blizzard (како World of Warcraft, или Diablo III)

За да ја искористите промоцијата, потребно е да ја инсталирате и покренете играте преку Battle.net клиентот за игри. Повеќе информации ќе најдете тука. Напредувањето што ќе го направите за време на пробното играње се пренесува со купената верзија.

Сево ова се поклопува со Black Friday распродажбата за време на која можете да се почестите и со некоја друга игра на овој издавач:

– World of Warcraft: Battle for Azeroth, до 50% попусти
– Hearthstone, 30% попусти
– Diablo 3, до 50% попусти
– Heroes of the Storm, до 30% попусти
– StarCraft: Remastered и StarCraft 2, до 30% попусти
– BlizzCon® 2019 Virtual Ticket, 15% попуст

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии