Оваа недела во светот на хардверот

Откако завршија најголемите презентации на производителите на хардвер, влеговме во период кој има нешто помалку вести барем кога уреди се во прашање. Секако ова не значи дека нема никакви нови презентации или нови уреди. Еве дел од хардверот кој можевме да го видиме оваа недела.

Apple AirPods Pro

Без специјална најава Apple оваа недела престави надградба на AirPods Pro. Надградбата на безжичните слушалки доаѓа со промена во дизајнот, но веројатно најдобрата функционалност на слушалките е што сега доаѓаат со Active Noise Cancellation. Новата надградба овозможува префлање помеѓу два мода на слушалките, првиот мод е транспарентен кој овозможува слушање на звуците од надвор, и „Active Noise Cancellation“ мод во кој се „исклучува“ звукот од надвор.

Во Apple го потенцираат и новиот дизајн на слушалките кои сега се полесни подобро „пасуваат“ во уво. Новите слушалки можат да обезбедат непречена работа 24 часа за слушање и 18 часа разговор, пред да треба да бидат повторно на полнење.

Image courtesy of Apple

Слушалките се најавени на 28 октомври, а достапни во продежба ќе бидат веќе на 30 октомври. Ќе чинат 250 долари и се достапни во 25 држави и региони.

Nvidia Shield TV нов Android стрим уред

Nvidia излезе со надградба на својот Shield TV хардвер. Компанијата презентира два стрим уреди Shield TV и Shield TV Pro замена за досегашниот Shield TV. Ова е трета генерација на Shield TV, а надградбата на хардверот е забележителна. Новите уреди доаѓаат со Tegra X1+ процесор кој е 25 отсто помоќен од претходникот. Уредот е толку добар што Ars Technica го прогласи за најдобар Android TV уред.

Image courtesy of Nvidia

Shield TV Pro доаѓа и со 3 GB RAM и 16 GB длеш диск и чини 200 долари. Поевтиниот уред доаѓа за 150 долари, но има 2 GB RAМ и 8 GB диск. Добра вест е дека на поскапата верзија на уредот надградба на просторот на редот е можна со било каков надворешен уред, од USB стик до преносен харддиск. Просторот на поевтиниот уред може да се надгради со microSD картички.

Најмоќната функционалност која доаѓа со уредот не е што може да се играат видеоигри, туку можноста за претворање нa содржина од 1080р на 4К.

Xiaomi руши рекорди со камерата

Xiaomi најави дека Xiaomi Mi CC9 Pro ќе доаѓа со сензор од 108 MP. Ова не е првиот уред со 108MP сензор од Samsung; Mi Mix Alpha доаѓа со овој сензор, но телефонот беше во ограничена серија.

Уредот ќе доаѓа со и повеќе од солиден хардвер. Процесорот e Snapdragon 730G; 12 GB RAM; батерија со капацитет 5170mAh и 6,47-инчен FHD+ OLED екран. На западниот пазар веројатно телефонот ќе доаѓа под името Mi Note 10. Официјално телефонот би требало да биде претставен на 5 ноември, а тогаш ќе има и повеќе детали.

LG G8X ThinQ и телефон и рачна конзола

Излегоа и првите рецензии на новиот телефон на LG. LG претстави нова телефон, кој некако е многу поинтересен како концепт на хибрид на рачна конзола и телефон. Можностите доаѓаат од дополнителниот екрани кој е ставен на телефонот и овозможува подобар мултитаскинг, но и интересна функционалност на помошниот екран како контролер. Ова е пред се овозможено од одличниот софтвер Game Pad изработен токму од LG. Софтверот работи одлично со најпопуларните игри што го прави телефонот поинтересен како рачна конзола.

Ова е флагшип телефон на LG и доаѓа повеќе или помалку со сличен хардвер како овие телефони на конкуренцијата. Процесорот е од Qualcomm, Snapdragon 855; има 6GB RAM; 6,4-инчен FullVision OLED екран и батерија со капацитет 4,000mAh. Камерите се стандардни 12MP за главната и 13MP за леќата со широк објектив. Предната камера е со 32MP сензор. Што се однесува до оперативниот систем телефонот доаѓа со Android 9.

Веројатно цената е еден од најимпресивните податоци кај телефонот. LG G8X Thinq доаѓа за 700 долари што е значително пониско од телефоните на конкуренцијата кои се во класа со овој уред.

Google го купува Fitbit?

Најголемата вест за хардверот оваа недела не е некој уред. Интересот и преговорите на Alphabet и Fitbit  се во центарот на вниманието кај вестите од технологијата. Засега нема потврда за склучен договор, но вестите се дека двете компани преговараат, и засега се далеку од договор.  Alphabet нема слични уреди уште од Motorola, но компанијата од првите Pixel телефони дел од хардверот произведува и самата.

Fitbit секако ќе биде одличен додаток во Alphabet со кој компанијта би добила присуство во сектор во кој сега нема никакво. Реакцијата на берзата на овие преговори е раст на акциите на Fitbit за 30 отсто.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии