Оваа година Vip станува А1

Телекомуникациската компанија Vip, која е присутна на македонскиот пазар речиси 12 години e член на А1 Телеком Австрија Групацијата, комуникацискиот провајдер во Централна и Источна Европа.

Во 2017 година, А1 Телеком Австрија Групацијата ја објави одлуката постепено да го воведува А1 брендот за сите свои компании, вклучувајќи го и Vip на македонскиот пазар. Оттука, во текот на оваа година Vip брендот ќе биде заменет со А1 брендот.

“Пред речиси 12 години, Vip влезе на македонскиот телекомуникациски пазар и предизвика вистински конкурентен натпревар. Благодарение на револуционерните промени кои ги воведуваме уште од првиот ден, Vip силно го раздвижи македонскиот телекомуникациски пазар и успеа да го збогати и издигне целокупното корисничко искуство на едно сосема повисоко ниво. Водејќи се од едноставното мото „Повеќе за вас“, им овозможивме на корисниците да уживаат во неограничена мобилна комуникација при што тие зборуваат повеќе, а плаќаат помалку. Оттогаш па сè до денеска, континуирано воведуваме иновативни производи и услуги, како и изградба на сопствена 3G и 4G мрежа. Во текот на овие години, Vip се трансформираше од само-мобилен оператор, во потполно конвергентна компанија која нуди мобилна и фиксна телефонија, ТВ и ИКТ услуги. Но, ние не застануваме тука. Со прилагодување на дигиталната еволуција која се случува околу нас, еволуираме и ние и стануваме дигитална компанија. Со брендот А1, сакаме да ја зајакнеме нашата позиција како партнер од доверба за нашите корисници, кој ќе им понуди соодветни решенија кои ќе ги збогатат нивните животи и потреби за дигиталната ера. Во соработка со нашите корисници, ќе осмислуваме нови паметни решенија со кои тие ќе можат да уживаат во дигиталното време“, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.

Мислав Галер, Извршен Директор на Вип; Томас Арнолднер, Главен Извршен Директор на А1 Телеком Австрија Групацијата и Јиржи Дворјачански, Главен Извршен Директор на Кластерот Хрватска и Македонија

И покрај најавата за промена на името, сите претходно стекнати права и обврски на корисниците, деловни партнери, клиенти или добавувачи остануваат непроменети и важечки, без потреба за промена на веќе постоечките договори. Корисниците немаат потреба за замена на СИМ картичка, броеви, модеми или било каква опрема, а сите услуги и договорени процеси ќе продолжат да функционираат како и досега.

За повеќе информации посетете ја веб страницата www.A1.mk

 

За А1 Телеком Австрија Групацијата:

А1 Телеком Австрија Групацијата која котира на берзата во Виена е провајдер на комуникациски решенија во Централна и во Источна Европа, со околу 24 милиони корисници во седум земји: Австрија (А1), Бугарија (A1 Bulgaria), Белорусија (Velcom), Хрватска (A1 Hrvatska), Словенија (A1 Slovenija), Србија (Vip mobile) и Македонија (оне.Вип). На крајот на 2017 г. приходот на Групацијата изнесува околу 4,38 милијарди евра обезбедувајќи комуникациски и платежни услуги, интернет, решенија за наплата и интегрирани деловни решенија. Околу 19 илјади вработени и врвна широкопојасна инфраструктура овозможуваат дигитално работење и начин на живот истовремено овозможувајќи поврзување на луѓето, на компании и на нештата било каде и било кога. А1 Телеком Австрија Групацијата е европска деловна подружница на еден од најголемите телекомуникациски провајдери América Móvil со седиште во Виена и овозможува пристап до глобални решенија.