Ова веќе го знаевте, но правилата за објави на Facebook се глупави

Стотици тренинг упатства, табели и дијаграми од Facebook, му помогнаа на Guardian да ја креира најголемата база за она што може и што не може да се каже на друштвената мрежа.

Идејата на Facebook е дека ќе се обидат да ја зачуваат слободaта на говор се додека не претставува опасност во физичкиот свет. Ова секако е за пофалба, но како и каде е поставена границата е дикутабилно. Ова воопшто не е лесно да се објасни, па можеби најдобро да ги споделиме примерите од упатствата на Facebook кои го обијави Guardian.

Може да напишете:

  • За да и го скршиш вратот на кучката, треба да стегнеш цврсто на редината на вратот.
  • Ајде да тепаме дебели деца.
  • Девојченцето треба да се повлече пред тато да и ја скрши главата.
  • Поарно молете му се на господ да не побудалам, инаку буквално ќе ве испоубијам.
  • Не кукај или ќе ти го отсечам јазикот.

Не може да напишете:

  • Некој нека го убие Трамп.
  • #Избоди и стани страв за ционистите.

Објаснувањето е дека најголем дел од овие закани не се вистинска опасност и се кажани во афект. Според нив „Ќе те убијам!“ или „Е*и се и умри!“ не се закани кои може да се реализираат. Станува збор единствено за фрустрација и нетрпеливост.

Ова во најголем број од случаите е точно. За жал Facebook се обидува да го регулира текстот како да е говор. Тоа нема да функционира. Значењето на зборовите е само еден дел од говорот. Зборувањето е придружено се гестикулации и тонот на гласот. Често тонот на гласот ја покажува намерата подобро и од зборовите.

Текстот не е единствената содржина која може да ја поставите на друштвената мрежа. Тука Facebook е појасен и упатствата се појасни. На пример, контекстот тука има поголема улога, може да биде прикажана голотија од концентрационите логори за да се покаже страдањето. Дозволено е насилство врз малолетници, доколку не станува збор за сексуално насилство.

Сепак не дозволена никава голотија без контекст, дури ни како дел од уметнички дела.

„Се обидуваме да дозволиме колку е можно повеќе слобода на говор, но мора да обезбедиме каде содржината е опасност.

Луѓето често изразуваат незадоволство или несогласување преку закани и насилство, но ова најчесто не е сериозно.

Се обидуваме да ја отстраниме вистинската закана од луѓето кои поттикнуваат или координираат насилство кон други, со тоа што е потребно да бидат објавени и детали за да ја сметаме заканата за кредибилна.

Од искуство, токму овие детали помагаат да се оцени кога овие закани може да се остварат“, велат од Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии