Ова се стартапите во кои сите сакаат да работат, според LinkedIn

LinkedIn ја презентираше годишната листа на која може да се види кои се 10 најпопуларните стартапи кога е во прашањето барањето на работа. Сите компании се со помалку од 500 вработени, а за статистиките се земени од над 330.000 членови на друштвената мрежа. Омилено место за работа на инженерите според оваа анкета е LYTRO, стартап кој креира камери за вљубеници во фотографија. Втори се Theranos, стартап стартап кој сака да ги промени лабораториските тестови, па следи Fitbit, стартап кој ќе се обиде да креира преносни компјутери кои ќе со обидат да ги натераат корисниците да ги одржат своите фитнес рокови и цели.

Вообичаено инжинерите се добри прогнозери, вели Recode. Ова го темелат на резултатите од минатата година, од првите 10 компании лани во моментов вредат над милијарда долари, помеѓу нив Pinterest, Dropbox, GoPro, Violin Memory и Nimble Storage.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии