Ова се стартап идеи во кои би инвестирале, открива основачот на бугарскиот акселератор Eleven

По повод петата рунда пријави на Eleven и LAUNCHub, основачот на бугарскиот акселератор Ивајло Симов објави пост кој може да им послужи на сите регионални стартапи како водич до инвестиција. Во постот насловен како „Ова се стартап идеи во кои би инвестирале“, г. Симов во неколку клучни точки објаснува на што треба стартапите да се фокусираат за да имаат успешен продукт.

Што е очигледно…

Ако почнеме од „очигледното“, вели г. Симов, една од попопуларните области за која вреди да се стартува компанија е SaaS (Software as a service) кој ја олеснува работата на вработените во една компанија, односно во одредени индустрии и секојдневниот живот. Фокусот е на специјализирани (niche) решенија кои се поедноставни за користење, и кои ги реорганизираат „компаниите диносаурси“, како Wobeek за чуварите на пчели, или GymRealm за теретаните.

„Може да биде ERP или CRM или било кој друг софтвер кој го олеснува животот на компанијата, очекуваме диносаурус компаниите да бидат истребени, бидејќи поевтини и полесни за користење специјализирани решенија се појавуваат на пазарот“.

Сите сервиси мора да бидат убаво дизајнирани. „Само проверете што се продава најдобро на Kickstarter“, вели основачот на Eleven. Ова посебно важи за хардверот кој иако е тешко да се изработи, сепак привлекува големо внимание од инвеститорите и медиумите, што помага при промоцијата на сервисот. Интернет на нештата станува се поинтересен бидејќи има огромен неистражен потенцијал.

„Хардверот е тежок. Без врска дали се работи за Интернет на нештата или фирмвер или гаџети, поврзување на софтвер со електроника во убава кутија е поголем предизвик од едноставна мобилна апликација. Има големи електронски компании во регионот, што значи дека има и инженери, па би сакале да ги видиме нив да креираат стартапи“.

Популарни кај инвеститорите се и „зелените решенија“. Покрај еколошките сервиси кои помагаат да се развие свеста за поефикасен живот, има голем интерес и во сервиси за здрав живот, посебно тие сервиси кои се занимаваат со медицината. Но, овие сервиси си носат огромен ризик бидејќи работат со животот, смртта и етиката.

Образованието е на пат да биде револузионизирано со таблет компјутерите, па раните стартапи имаат добра шанса да се истакнат со креативни едукативни сервиси кои ќе можат да им помогнат на децата, средношколците и студентите да научат нешто повеќе. Тука, вели г. Симов, „не се мисли на клонови на Khan Academy, кои сепак се добри и им се восхитуваме“.

Што има дава предност на регионалните стартапи…

Но, сите овие претходно наведени потенцијални пазари се „очигледен“ избор, сепак има две области кои се издвојуваат во регионот и им даваат предност на стартапите кои се обидуваат да ги поправат. Тоа се Peer-to-peer сервиси кои можат да го поправат пиратскиот пазар, и благодарение на брзиот интернет и P2P мрежата да креираат легален бизнис модел. Втор потенцијален пазар е регионалната оутсорсинг индустрија. Сите земји во Балканот се познати по евтиниот талент кој го продаваат на западните земји каде за инженер и програмер се плаќа многу, многу повеќе.

„Поради големиот избор на талент во овие ИТ индустрии, има можност за нови модификации и продуктивизација на домашно развиени сервиси. Исто така тие можат да послужат како тест за некои нови и иновативни оутсорсинг решенија“.

Г. Симов вели дека е-трговијата во моментот е проблематична бидејќи регионот (и Европа) се разделени на куп помали земји со различен јазик и различна култура. Но, бидејќи е-трговијата е во развој, тој што ќе го реши и обедини „тие матни води“ ќе може многу лесно да се префрли на поголеми пазари. Тука спаѓа и „рекламирање во новото доба“. Во регионот маркетингот е во очајна состојба и има простор за креирање на перфектната бура која ќе го разбуди, како наоѓање на нови решенија за промоција на брендови или развивање.

Покрај очигледните идеии, и тие мотивирани од регионалната ИТ состојба, Eleven ги охрабрува и стартапите кои се занимаваат со офлајн светот, тие што работат со невладините организации за социјалното добро, не само за профит, па дури и тие што се занимаат со табу теми како обложување, алкохол и цигари (иако тие индустрии се избегнуваат, сепак се профитабилни).

Што е сепак најважно…

„Имајте во предвид дека најважното нешто за нас се уште е ТИМОТ (неговата решителност, соработката, балансот, истрајноста и страста) бидејќи сме виделе како некои одлични идеи се сиромашно реализирани од тимови кои немаат соработка, но и просечни идеи кои се изработени прекрасно поради добриот тим“, вели основачот на Eleven, Ивајло Симов.

4 коментари на “Ова се стартап идеи во кои би инвестирале, открива основачот на бугарскиот акселератор Eleven

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии