Ова се сите кул новини кои ќе ги има Windows 10

Microsoft го претстави Windows 10, а заедно со оперативниот систем дојдоа и детали за нови уреди и технологија од компанијата. Најголемото внимание го привлече HoloLens, холограмските очила, но имаше и други интересни најави oд Редмонд кои се директно поврзани со Windows 10. Еве некои од нив:

Windows 10 ќе биде бесплатна надградба за корисниците на Windows 7, Windows 8 и Windows 8.1. Потегот на Microsoft можеби доаѓа поради опасност од фрагментација на оперативниот систем, па сега најголем дел од компјутерите ќе бидат префрлени на Windows 10.

Оперативниот систем доаѓа со нов изглед, но вратено е Start менито од 8.1 кое сега ќе го зазема целиот екран. Action Center доаѓа со Wi-Fi, Bluetooth, а тука се сместени и останатите опции. Новитет е Continuum кој е наменет за хибридните уреди и овозможува промена веднаш, од управување со компјутерско глувче и тастатура до управување со помош на екранот. Новитет е што Windows 10 ќе доаѓа и за Windows телефоните.

Апликациите со Windows 10 ќе бидат универзални за сите Windows платформи, a според најавите, корисниците ќе имаат исто искуство без разлика на кој уред го користат софтверот, дали е тоа десктоп компјутер или мобилен телефон.

Гласовниот асистент на Microsoft, Cortana, со новиот оперативен систем ќе биде достапен и на дектоп. Според најавите Cortana на PC ќе има поголема функционалност отколку сегашната верзија за паметен телефон. Покрај прашањата, Cortana ќе може да ги известува корисниците за дел од податоците кои можеби ќе ги интересираат.

Project Spartan е замената за Internet Explorer, како што беше познато од претходно. Прелистувачот ќе овозможува одбележување на делови од веб сајтови и нивно споделување преку OneNote. За разлика од Internet Explorer, Spartan доаѓа со интеграција на Cortana, па асистентот ќе може да пребарува и од прелистувачот.

[youtube]PVDl3b1DqE0[/youtube]

Корисниците кои играат видеоигри на својот десктоп, конечно ќе можат да разговараат и да им пишуваат пораки на Xbox Live пријателите. Ова доаѓа благодарение на Xbox апликацијата за Windows 10, која овозможува и креирање на клипови од игрите кои ги играте и нивно споделување на друштвените мрежи. Новина е и стримањето на игри од Xbox One на PC или таблет.

Конечно можеби највозбудливата презентација беше најавата за HoloLens, холограмските очила – очила за проширена реалност, кои додаваат „холограмски“ проекции на површините во домот на корисникот. Покрај забавата, уредот е наменет и за работа пред се за презентации или изработка на 3Д-модели, кои веднаш можат да се печатат.

Windows 10 ќе биде достапен во тест-верзија до април, а потоа штом се средат сите багови и грешки, се очекува да биде достапен на есен.

[youtube]teoZk3QEc40[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии