Ова се првите стартапи кои се вклучуваат на SuperFounders Skopje

Од локациски потстник за iPhone, до решенија за ресторани, SaaS решенија за бизниси и видео-конференциски системи… Ова се осумте стартапи кои се вклучуваат на Start програма на ново-основаниот акселератор SuperFounders Skopje.Локалните стартапи, некои само нецелосно изработени, други веќе објавени во бета, преку Start програмата ќе добијат менторство и сугестии за како да напредуваат, и да го пробијат својот продукт.

Стартапите, кои „допрва ги чека работа!“, според Александар Тасев, ко-основач на SuperFounders, ќе бидат оценети од искусни ментори според неколку категории како најиновативна технологија, најиновативен сервис, најдобра презентација и најголем пазарен потенцијал. На крај на програмата ќе се види кој стартап најдобро напредувал според бизнис параметрите.

  • Brainminder на Марија Наумовска е локациски базиран потсетник за iPhone;
  • Socialspot на Марјан Николовски и Сашо Михајлов е колаборациски SaaS за тимови во компании;
  • Aide на Игор Стаматовски, Новица Наков и Дамјан Георгиевски е видео-конференциски систем во прелистувач;
  • A-La-Carte на Кире Галев и Диме Галев е целосно решение за ресторани и нивните посетители;
  • Blogirame на Јован Димитров и Петар Шокаровски е блог агрегатор и нешто повеќе;
  • BusinessHub на Стефан Јовановски, Мартин Маневски и Бојан Прчев е SaaS решение за бизниси, за групни набавки;
  • Client Gear на Никола Бојков и Катерина Стојановска е решение за управување со интернет кампањи и агрегатор на промоции;
  • Proekto на Ненад Јовановски е проект менаџмент SaaS со огранизирање и следење на задачи во реално време.

Во меѓувреме, стартап собирите продолжуваат. Четвртиот Startup Meetup ќе се оддржи во среда, 30-ти октомври, во 19 часот, а темата на дискусија ќе биде „Модели за монетизација на интернет бизнисите“. Покрај дискусијата ќе има и презентација на некои стартапи од програмата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии