Ова се најпопуларните игри на табла во Македонија…

Во 2015-та година имавме неколку кул вести поврзани со игрите на табла – имавме вести дека познати македонски илустратори цртаат карти, имавме вести за прва македонска игра на табла, а при крајот на декември имавме и еден фантастичен настан во Македонија – се одржа првиот официјален Hearthstone турнир на кој учествуваа над 150 фанови на играта со дигитални карти. Имавме и репрезентација што отиде во Барселона да се натпреварува во Magic:The Gathering.

Беше фантастична година за игрите на табла кои стануваат сѐ попопуларни и во Македонија. Затоа со помош на Гоблин Гејмс, единствената продавница за вакви игри во Македонија, направивме листа на популарни игри што се играат кај нас. Покрај Magic: The Gathering и Hearthstone кои се убедливо најпопуларни, едната на табла, другата на дигиталните уреди; подолу се излистани неколку популарни игри кои можете да ги играте веднаш без некое претходно искуство:

 

Ticket to Ride е една од најпопуларните игри на табла кои се играат во Македонија. Станува збор за едноставна игра која можете да ја играте со сите членови на семејството, без разлика на годините, а и покрај едноставните правила играта е многу заразна. Целта е да изградите доминантна железница, преку градење на пруги и завршување на мисии. Ова вообичаено е многу потешко отколку што изгледа, бидејќи плановите на играчите често се поклопуваат.

Image via Wikipedia

Image via Wikipedia

Доколку компетитивните игри не се за вас, и позабавна ви е соработката отколку натпреварувањето со пријателите, тогаш можете да ја пробате Pandemic. Правилата за играње се едноставни, иако играта е најверојатно една од потешките. Играчите треба да спречат епидемии пред да го уништат светот. Во текот на играњето некој има улога на доктор, некој на научник, некој на диспечер. Секоја од улогите има предности кои помагаат за завршување на задачите. Иако на повисоките нивоа на тежина играта почесто ги победува играчите отколку што играчите победуваат, Pandemic е најверојатно една од ретките игри што се забавни и кога губите.

 

Сепак некојпат бројот на пријатели е поголем од она што стандардните игри на табла го овозможуваат. Тука е Dixit, друштвена игра во која секој од играчите е раскажувач. Секој од играчите започнува со шест карти, и треба преку приказни да им се помогне на останатите играчи да погодат за што станува збор. Механиката на играта е базирана на асоцијации и комуникација, што прави да може да ја играат сите без разлика на возраста.

Image via Wikipedia

Image via Wikipedia

Settlers of Catan е една од најдолготрајните игри, а само по едно играње ќе ви стане и јасно зошто е така. Играчите се обидуваат да го освојат островот преку продукција на ресурси кои се користат за развој на колиниите. Играта има повеќе реизданија и експанзии, од Settlers of the Stone Age до Star Trek Catan.

Image via Wikipedia

Image via Wikipedia

Љубителите на игри со карти (познати како deck builder) доколку веќе на ја пробале, можат да ја изиграат Dominion, која подолго време е една од најпопуларните игри во овој жанр. Иако времето и новите игри ја поместија играта од првото место на најдобри игри, сепак и понатаму Dominion е една во самиот врв на најдобрите deck builder игри.

Image via Wikipedia

Image via Wikipedia

Доколку веќе сте ги изиграле овие игри, може да се обидете и со 7 Wonders, Smallworld, Village, Carcassonne, Scotland Yard, Power Grid, Munchkin-card game или класичниот Risk. Повеќе турнири и игри ќе најдете во Гоблин гејмс, каде може да учествувате и на некој турнир.

1 коментар на “Ова се најпопуларните игри на табла во Македонија…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии