Ова се најголемите стартапи од Европа

Uber, Airbnb и Alibaba се првите компании на кои помислуваме кога некој спомнува стартап. Секако, Европа е далеку од САД кој предничи пред сите кога се во прашање стартапи и технички компании; Кина сега започнува да го освојува светот, но дали знаете кои се најголемите стартапи во Европа?

Најуспешни региони во Европа се Британија и Скандинавија. Во Британија е најголемата вкупна вредност на стартапи, а во Скандинавија се највредните компании. Можеби претпоставувате, највреден стартап во Европа е шведскиот гигант за стримање на музика, Spotify. Вредноста на компанијата се проценува на околу 16 милијарди евра.

Spotify

Највредниот европски стартап истовремено е и највредниот стартап за стриминг во светот. Spotify е еден од само 3 стартапи од Европа чија вредност е проценета на над 10 милијарди долари. Седиштето на Spotify е во Шведска, а стартапот официјално започна со работа на 7 октомври 2008 година.

By Erik Stattin – Spotify HQUploaded by Ainali, CC BY-SA 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=10054476

Компанијата овозможува стрим на музика во неколку нивоа. Од бесплатно кое може да го следат сите корисници, до премиум кое е достапно единствено за претплатниците. Дополнително, квалитеот на стримингот за овие претплатници е подобар.

Zalando

Германската онлајн продавница Zalando е уште еден европски стартап проценет на над 10 милијарди долари. Компанијата е од Германија и започна со работа 2008 година. Денес продавницата е распростанета во речиси сите држави кои се дел од единствениот европски дигитален пазар.

By Marco Verch / Flickr / CC BY 2.0 https://www.flickr.com/photos/149561324@N03/36693912141

Стартапот е лоциран во Берлин, но и оваа компанија е со мнозинска сопственост од Шведска; 33% од продавницата е во сопственост на Kinnevik.

Supercell

Компанијата Supercell развива видеоигри за паметни телефони и мобилни платформи. Supercell доаѓа од Хелсинки, Финска. Најверојатно веќе знаете некоја игра од компанијата како Hay DayClash of ClansBoom Beach и Clash Royale кои се дел од игрите развиени од ова студио.

Ова е последната компанија на листата чија вредност е проценета на над 10 милијарди долари. Мнозински сопственик на компанијата е кинескиот гигант Tencent кој поседува 84% од компанијата.

Shazam

Shazam Entertainment Ltd. е британска компанија која креираше апликација за препознавање на песни. Апликациајта беше достапна на повеќе оперативни системи.

By Rampage45 – Own work, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=48995481

Од декември 2017 година, Shazam е дел од Apple и компанијата најверојатно ќе ја интегрира технологијата во Apple Music и Siri.

Mojang

Најверојатно ниту една листа не може да биде комплетна без една од најпопуларните игри. Креаторите и компанијата на Minecraft, без главниот развивач и авторот на играта, сега се дел од Microsoft. Компанијтата е лоцирана во Стокхолм, Шведска. Во 2014 година за 2.5 милијарди евра играта креирана од еден човек Марку Персон, е продадена на Microsoft.

Skype

Најверојатно нема никаква специјална потреба за претставување на финскиот стартап кој стои зад една од најпопуларните алатки за комуникација.

By Source, Fair use, https://en.wikipedia.org/w/index.php?curid=29231530

Во 2005 година компанијата стана дел од eBay за 2.6 милијарди долари. Од 2011 година компанијата е дел од Microsoft за 8.5 милијарди долари. Развојниот тим на Skype е во Талин, Естонија.