Ова се најдобрите македонски стартапи за 2013-та година

Локалната ИТ сцена е сè уште млада и неискусна споредено со соседните држави како Србија, Хрватска и Бугарија. И иако во Македонија нема кој-знае колкава поддршка за стартапите (читај: пари и инвестиции), тоа што влева оптимизам е што има стартап-инкубатори кои се вгнездија во регионот во потрага по нови идеи. Затоа, ако лани видовме како оживува локалната стартап сцената, тогаш во 2014-та година со право очекуваме таа да биде посериозна со стартапи кои имаат покреативно дизајнирани сервиси со поквалитетни услуги, и со бизнис план да прераснат во комплетни компании, во земјата или надвор од неа.

Лани на IT.com.mk можевте да прочитате за куп локални стартапи, некои B2B решенија, некои сè уште необјавени, други, пак, мобилни апликации, бесплатни или платени, и достапни за различните платформи. Како и секој медиум во светот што за Нова година прави листи, така и ние сега креиравме листа од најдобрите локални стартапи за кои пишувавме годинава, и кои добија разни признанија, имаа целосно креиран продукт или пак претставија нешто ново. Но, оваа листа не треба да ги обесхрабри другите кои се уникатни на свој начин, туку да послужи како инспирација.

Tesseract Interactive

Tesseract Interactive е единствениот македонски стартап кој лани успеа да добие неверојатни 30.000 евра инвестиција од бугарскиот инкубатор LAUNCHub за да ја развијат својата игра. Иако Excubitor беше направена како хоби, сепак тимот од шест програмери стана и првиот македонски стартап кој имаше свој штанд на најголемиот светски саем за видео игри Gamescom.

iVote.mk

iVote.mk e сервис за изборни процеси и избирачки списоци, чија платформа Demokra обработи над 107 милиони гласови од разни избори ширум светот. iVote.mk победи на Balkan Venture Forum во Тирана, и потоа отпатува во Дизелдорф, Германија, каде се најде помеѓу 25-те победници на European Venture Contest 2013.

TweetsPie

TweetsPie e мобилен клиент за Twitter кој ви ги прикажува само најважните твитови. Апликацијатa лани во период од само еден месец победи во Скопје на Mobile AppCamp и на Droidcon Eastern Europe во Букурешт. Неодамна беа претставени и на TheNextWeb, еден oд најпопуларните ИТ блогови во светот.

Vulpi

Текстуалниот едитор Wordbox на стартапот Vulpi е една од први iOS апликации кои имаат алтернативна тастатура, прва за уредите на Apple. Стартапот влезе во соработка со Fleksy тастатурата која предвидува зборови, и која објави свои SDK алатки за да биде интегрирана во други апликации.

UUUU

UUUU е iOS апликација на брачниот пар Дамјан Цветков-Димитров и Нина Георгиева, и иако на прв поглед може да изгледа премногу уникатна за некои корисници, сепак таа е една од покреативните апликации кои ги имате сретнато во светот, не само во Македонија.

Solaborate

Solaborate е друштвена мрежа за ИТ професионалци основана во САД, но изрaботена во Македонија од тим на 18 дизајнери и програмери. Сервисот е целосно фокусиран на ИТ професионалците кои можат да споделуваат документи, стартуваат видео конференции и да пренесуваат знаење околу техничките проблеми.

SocialSpot

SocialSpot e платформа за бизнис колаборација која се претстави за прв пат на хрватската Spark.me конференција, и која од неодмна е еден од осумтте стартапи кои влегоа во Spark програмата на ново-основаниот локален стартап инкубатор SuperFounders Skopje.

Memorate

Иако Android и iOS се главните платформи за кои се креираат апликации, еден интернационален стартап од Охрид претстави Windows Phone 8 апликација Memorate за споделување на спомени и асоцијации. Апликацијата веќе има неколку признанија на различни натпревари, а следен чекор е да се усоврши платформата.

Jadi.me

Во 2013-та година видовме и куп разновидни Android апликации, но од нив може да ја издвоиме Jadi.me како една од поубаво дизајнираните апликации кои ги видовме. Направена од Драган Јандрески и Томе Бошевски, апликацијата ви нуди пребарување на над илјада ресторани низ цела Македонија.

Game Oven

Game Oven е последен на листата бидејќи технички не е македонски стартап, туку холандски. Бојан Ендровски иако е од Македонија, тој живее во Утрехт каде заедно со Адриан де Јонг го стартуваа студиото за креирање на игри за iOS и Android. Тоа што го прави Game Oven уникатен стартап е што го разработуваат концептот на друштвени игри кои не може да ги играте самите, туку ги играте со други корисници на еден единствен уред. Целта на стартапот, кој ги направи игрите Fingle, Bam Fu и Bounden е да го истражи физичкиот контакт и интеракцијата во светот

8 коментари на “Ова се најдобрите македонски стартапи за 2013-та година

  1. Конкретно зад Socialspot стои компанијата Emit Knowledge. Регистрирани сме во централен регистар уште по креирање на првиот продукт.
    Повелете во нашата канцеларија во ПЦМ Инкубаторот за дружба.

  2. Startup е поистоветено само со продукт/софтверска апликација, не и со комплетен нов ИТ бизнис. Во листата има apps коишто немаат ни S од Startup, бидејќи не постојат како компании, немаат бизнис модел туку само техничка имплементација и не постојат во трговски регистер ни како компании. Тоа ми дава за право да кажам дека и вие како ИТ портал не сте баш информирани.

  3. Ne e tocno deka Makedonskata scena e neiskusna ili poslaba od scenata vo Srbija. Razlikata e vo nijansi.

    Viktor si trebal da prasas lugje sto se razbiraat. Ne e jasno spored sto se toa "najdobri" i sto podrazbiras pod "startup" i kako definiras koj e makedonski.

    Vaka listata ti e izdishana, a falat nekolku super-stars. Bas mi e zal za niskiot kvalitet na novinarstvo. Vratete se na prevodi na tekstovi.

    1. Како на пример? Наведи конкретен пример, наместо празни навреди за вакво или онакво новинарство кое се сомневам дека го разбираш.

  4. – TweetsPie ne e startup. Toa e samo aplikacija, za da bides startup treba da razmisluvas i da funkcioniras kako firma startup.
    – Solaborate nema nisto makedonsko. Samo razvojniot tim e lociran vo MK.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии