Ова се милијардерите кои инвестираат во патување во вселената

Дејан Соколоски

во Свет

Илон Маск и Џеф Безос се основачи и директори на Tesla и Amazon. Сепак, двајцата имаат и љубов за вселенски патувања и освојувања на вселената, Blue Origin и Space X се можеби помалку познати, но не и помалку важни компании.

Г. Безос и Г. Маск не се единсвените инвеститори во вселенските патувања. Сепак, единствено 16 од најбогатите 500 луѓе имаат инвестиции во вселенските патувања. Помеѓу нив се: Ричард Брансон од Virgin; Бил Гејтс и Пол Ален од Microsoft, Марк Закерберг, Facebook; Ерик Шмитх, Лери Пејџ и Сергеј Брин, Google. Целата листа на инвеститори може да ја разгледате на Bloomberg.

Инвестициите во вселенски летови не се и премногу ретки. Од 2009 година, па се до денес има над 225 стартапи и приватни компании кои станале акционерски друштва. Во 2016 година во овие компании се инвестирани 3.1 милијарди долари. Во 2011 година во истиот сектор беа инвестирани 409 милиони долари.

Она што можеби е најинтересно е што овие компании сега имат поголема веројатност да бидат профитабилни. На самиот почеток овие компании започнаа како проекти на страст за нивните основачи. Тоа останува и денес (Илон Маск тврди дека ќе биде на првиот лет за Марс), но веројатноста и за финанскиски успех е поголема.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии