Ова се компаниите од ИТ секторот кои добија грантови од повикот „Стартапувај“ на ФИТР

Фондот за иновации и технолошки развој неодамна престави нови проекти кои добија кофинансирани грантови од повикот Стартапувај. ФИТР им додели кофинансирани грантови на 48 стартап и спионоф компании. Она што може да се забележи оваа година е дека досега немало поголема разноликост на компани кои учествуваат на повикот. Оваа година гледаме куп различни решенија од иновативни методи за замрзнување на вино, до комбинирани електрани.

Интересот за Стартапувај е огромен и на овој повик се пријавија 186 стартапи и спин-оф компании. Вкупно се доделени инвестиции со вредност повисока од 1,8 милиони евра.

Целата листа на стартапи е достапна на страницата на ФИТР, а еве ги компаниите кои се од ИТ секторот:

ИНОТЕК СОЛУТИОНС ДООЕЛ

АВТОМАТИЗИРАН АВТОКЛАВ

Проектот на Инотек Солутионс предвидува производство и изработка на комплетно автоматски автоклав за медицинска и фармацевтска употреба како и негово сертифицирање за СЕ ознака за медицински апарат.

Автоклав е машина со која се стерилизираат производи кои се за медицинска, фармацевтска и лабораториска употреба.  Машината која ќе биде дизајнирана ќе биде енергетски ефикасна со скратено време потребно за подготовка, стерилизација како и подобрена ефикасност во работењето.

ПЛАНТ ФАКТОРИ 2018 ДОО Струга

Развој на аеропоничен систем за производство на фармацевтски растенија

Со овој проект се планира развој на аеропоничен (беспочвен) систем за производство на билки кои се користат во фармацевтската индустрија. Аеропоничните системи овозможуваат 10.000 пати поинтензивна размена на гасови во кореновиот систем и ова е технолошки најнапредната технологија за безпочвено производство на растенија…

ИНЕЛЛИПСЕ ДООЕЛ Битола

Voice Recognition

Voice Recognition е систем за препознавање на говор, на видео и аудио содржини на македонски јазик и нивно трансформирање во текст. Ова е прва компанија која нуди препознавање на македонски јазик и негова транскрипција.

Еурека Еду Дооел

Key Code Educational Franchise

Развој на иновативни едукативни програми за деца, преку кои ќе учат програмирање и роботика по уникатна методологија. Целта е децата од пасивни консумери на дигиталните апликации, игри и софтвери да станат активни креатори на креативни апликации, игри, програми и други решенија.

Аг Футура Технологии ДООЕЛ – Скопје

Далечинско мониторирање и советување во земјоделството – РАМАС

Рамас претставува иновација во услугите од областа на земјоделството. Системот овозможува голема прецизност и ажурност во советодавните процеси преку користење на интероперабилни ИоТ конфигурации кои се позиционирани на земјоделските површини, комбинирани со податоци генерирани од дронови, сателити и извештаи од почвени анализи. ИоТ-К на Рамас се поддржани со точно калибриран алгоритам за култури кој треба да обезбеди доволно релевантни податоци за голем број земјоделци со кои би се елиминирале фактори кои предизвикуваат лош квалитет и низок квантитет

МИДЕЛ ДОО Куманово

Автоматизиран систем за управување на машини за хоризонтало дупчење -АМПтек

Проектот предвидува истражување, развој и производство на систем за автоматско управување кај машини за хоризонтано подземно дупчење- АМПтек систем. Системот ќе се употребува за контрoлирано 3D наведување во простор со максимално прецизнo дупчење, со цел да ги замени и надгради постоечките традиционалните машини и да даде поефикасни и поекoномични решенија за хоризонтално бушење

СУНСМАРТ СОЛАРНИ СИСТЕМИ ДОО

“Фото-Волтаични МикроЕнергетски Банки ” – SunSmart Energy Storage System

Станува збор за иновативен производ за зголемување на ефикасноста на соларните системи преку таканаречени “микро-енергетски банки” инсталирани кај фотоволтаичните панели наемнети за микро и мали соларни системи како и соларни полиња кои генерираат МW (мегавати) електрична енергија. Производот ja зголемува ефикасноста на зелените еколошки извори на енергија добиена од сонцето и наменет е за крајни корисници по пристапни цени и временски брза исплатливост со висок пазарен и извозен потенцијал.

ИНТЕЛИГЕНТА ДОО СКОПЈЕ

Аудит ССХ

Целта на проектот е дополнително развивање на Аудит ССХ софтверска алатка која на компаниите им овозможува безбедно работење и пристап со ревизорска трага. Поедноставено објаснето, Аудит ССХ е алатка која може да ги сними (во дигитален формат) сите содржини кои ги гледа корисникот на компјутерот притоа овозможувајќи екстракција на истите…

ЏИСИКС СОЛУШНС ДОО Скопје

Pedaless

Овој проект предвидува дополнителен развој на иновативниот уред Pedaless кој е наменет за велосипеди и ги трансформира истите во електрични велосипеди. Kорисниците на овој вид на урeд ќе можат да го направат својот велосипед побрзо превозно средство со поголем досег за користење во градските средини, притоа, заштедувајќи време, финансиски средства и придонес кон намалување на аерозагадувањето во животната средина. Крајната цел на Pedaless е да стане најчестата алтернатива за замена на автомобилите со е-велосипед.

ДАВВЕРО ИО ДОО Скопје

Davvero.io

Проектот предвидува изработка на уникатен “паметент накит“ со интегрирани електронски компоненти. Меѓу другото овој накит преку мобилна апликација и електронски модул ќе биде поврзан со паметен телефон. Целта е накиот преку сензори да препознава биофизиолошки сигнали и да ги претвора во дигитални податоци за корисникот.

ДОЛАРЕ ТЕХНОЛОЏИ ДООЕЛ

Софтверско решение “Metricity – Запознај го својот клиент (KYC)”

Изработка на софтверско решение, апликација за идентификација на клиент (потрошувач) и негово ризично профилирање од аспект на спречување на активности за перење пари и финансирање тероризам

СОЛАР ГРУП ДООЕЛ Скопје

Иновативна софтвер платформа-Data Solar Group (DSG)

Развој на единствено софтверско решение со кое се подготвува сеопфатна брза анализа за проценка и предностите од изградба и инсталирање на соларни панели, како и мониторинг на производството и обезбедување на конкурентност на производителите

МСТ Солушнс ДООЕЛ Скопје

МППИ, 3И – (Модел, Производ, Процес)

Проектот се однесува на развој и подобрување на бизнис моделот на компанијата, развој на иновативната компонента на производот и иновирање на производствениот процес за производство на специјални ножеви за градежни и рударски машини. Врз основа на иновативното конструктивно решение ќе се разработи современ, флексибилен технолошки процес, базиран на ЦНЦ технологија што ќе овозможува брза изработка на широк спектар производи и дигитализација на подготовката на производството што ќе резултира во скратување на времето за изработка и трошоците

ТЕРМО- Б СИСТЕМ ДООЕЛ СТРУМИЦА

Повеќенаменски сончев уред за земјоделци

Повеќенаменски сончев уред (нов производ), наменет за фармери или семејства во рурални области. Истиот e едноставен за ракување, лесен за преместување од една на друга локација со што се зголемува и заштитата од потенцијална кражба.

Елевејт-Глобал ДОО

Aвтоматизирана платформа за процесирање на податоци во енергетската индустрија

Проектот предвидува креирање на автоматизирана платформа за процесирање на подотоците во енергетската индустија. Платформата ги анализира податоците генерирани директно од енергетската индустрија и обезбедува повратна информација кон компаниите која им помага во зголемување на ефикасноста и профитот на самата компанија.

ПЕРПЕТУУМЦОДЕ ДОО

СМАРТ ДЕНТ

Развивање на Смарт дент платформа која ќе ги обедини сите стоматолошки ординации и (мобилна апликација и веб страница) која ќе овозможи ефективна комуникација и закажување на термини помеѓу стоматолозите и нивните пациенти. Дополнително, платформата која ќе содржи различни модули наменети за пациенти, ординации, стоматолози која ќе овозможи систем на советување, оценка, рејтинзи на стоматолози, унифициран здравствен картон и сл.Платформата ќе функцинира на пет јазика.

ДАРК-1 ДОО Скопје

Скопје

„Скопје“ е 3D игра во прво лице каде играчот е поставен во огромна област за истражување и преживување која ќе биде целосно моделирана и визуелизирана во стил на класичните стрипови. Играта ќе има повеќе сегменти преку кои играчот ќе може да биде во интеракција со светот во кој ќе биде сместен.

„Скопје“ ќе има оригинална и уникатна приказна. Дејствието е поставено во алтернативна историја каде што градот Скопје станува светска метропола позната по врвни научни достигнувања и бруталистичка архитектура, задржувајќи ја културата и естетиката на вистинското Скопје во 70тите.

Локалис Трејд ДООЕЛ Струмица

SourceMX Academy

Веб платформа која ќе ги поврзе компаниите и луѓето кои сакаат да стекнат образование од областа на програмирање и маркетинг.

Друштво за едукација и консалтинг ЕДУФРОНТ ДООЕЛ Скопје

Компјутерско образование за деца базирано на иновативната наставна програма на Харвард

Овој проект предвидува напредно ИКТ образование за деца базирано на иновативната наставна програма на Харвард Creative Computing со вклучено следење на напредокот на децата од страна на родителите преку LMS – систем за управување на образованието

ХОЈО ТЕК ДОО СТРУГА

HOYO HOME

Софтверско решение за паметен дом кое вклучува firmware за standalone уреди и мобилна апликација со која истите може да се менаџираат, централен хаб преку кој се контролираат сите уреди во рамките на паметниот дом кој воедно има и механизам за машинско учење и носење на автоматски одлуки за определени кориснички сценарија.

ПАЈЛ КОНТРОЛ ДООЕЛ

Куманово

Производство на опрема за тестирање на темели Опремата за тестирање што планира да ја развие ПАЈЛ КОНТРОЛ е иниовативна по самата технологијата и начинот на користење. Имено, сите делови и компоненти се произведуваат во Македонија со помош на локални експерти и фирми. Целата опрема и процесот на тестирање е дигитализиран и автоматизиран, споен во еден систем за аквизиција на податоци и контрола, кој добиените податоци ги анализира во специјален софтвер кој директно ги запишува податоците на компјутер. На овој начин се намалува ризикот од субјективни (човечки) грешки, а исто така и прецизноста е далеку поголема за разлика од постоечките опреми кои користат аналогни компоненти кај кои податоците ги отчитува оператор кој рачно врши запис на истите

Електронски зелен пазар ДООЕЛ

Е-зелен пазар (ЕЗП)

Електронски зелен пазар е иновативна електронска платформа за промоција на локални земјоделски производи и поврзување на понудата и побарувачката на домашниот и странски пазари. На оваа платформа ќе се наоѓаат и нудат за продажба сите земјоделски производи од Р.С.Македонија – од зрно ориз од Кочани до контејнери јаболко од Ресен. Целта на ЕЗП е да прерасне во првата „зелена берза“ во земјата што ќе придонесе не само за зголемување на потрошувачката на македонските земјоделски производи во земјата, туку и ќе биде место за промоција на македонските производи на странските пазари. ЕЗП е веб страница на којашто истовремено ќе се нудат производите од македонски производители и трговци, а од друга страна потрошувачите од РСМ и трговците од целиот свет ќе може да ги купуваат и да склучуваат договори и зделки со нив.

Пангеа Инженеринг ДООЕЛ

Систем за мерење на силни потреси

Проектот предвидува развој на систем за мерење на силни потреси и микротремори кој се состои од инструмент за мерење и софтвер за собирање на податоците, архивирање, нивна презентација и напредни математички обработка. Проектот се базира на веќе докажан концепт на производ, а тој ќе биде поефтин и полесен за работа и одржување. За да се овозможи целосно далечинско управување и следење на податоците, вгнездениот софтвер на инструментот ќе нуди можност за поврзување на интернет преку мобилна мрежа или локална жичана мрежа и за таа цел ќе биде изработен апликативен софтвер за следење на податоците во реално време

Омни деливери ДОО

Omni Delivery

Целта на проектот Омни Деливери е да се развие како паметна транспортна компанија за B2B испорака каде што секој може да нарача и да прави испораки. Оваа услуга е базирана на економија на споделување (sharing economy) и уникатен алгоритам за оптимизација на рути, со што ќе биде поефтина и поефикасна.

ЦСП Тек ДООЕЛ

Електрана за концентрациона соларна енергија

Проектот предвидува развој на технологија, концепт и протоптип за првата електрана која ќе работи на принципот на концентрациона соларна енергија. Компанијата веќе има изработено „proof of concept“ а проектот ќе се фокусира на развој, симулација и изработка на прототипови на хелиостат, централен колектор и конструкција на кула кои се клучни елементи на концентрационата соларна електрана. Инаку со оваа технологија се искористува принципот на фокусирање на голема површина сонце со помош на илјадници компјутерски насочени огледала кои имаат задача да ја насочуваат рефлеексијата од сонцето на врв на кула, каде што термалната енергија од сончевите зраци е апсорбирана. Оваа термална енергија подоцна се користи за производство на пареа која има доволно притисок да произведе електрична енергија преку класичен модел на турбина и генератор.

Гротто Групација ДОО

Изнајми велосипед Скопје Винил

Rent a bike Skopje Vinyl со овој проект има за цел да ја прошири понудат на иновативен алтернативен превоз примарно наменет за туристи. Компанијата веќе работи со изнајмување на велосипеди, а понудата дополнително ќе се збогати и со електрични тротинети. Во рамките на овој проект се развива веб и мобилна апликација за менаџирање на велосипедите што ќе биде B2B ориентирана меѓутоа по стабилизирањето на овие функционалности и доколку пазарот понатаму го дозволува и бара тоа ќе се развие и B2C ориентирана апликација каде по примерот на успешните компании од САД и ЕУ клиентите ќе може сами да ги изнајмуваат и користат велосипедите и тротинетите единствено со користење на својот мобилен телефон. Преку соработки со локалните туристички водичи и вљубеници во велосипедизмот ќе се организираат и вело тури низ градот и неговите знаменитости и околни атракции.

Амала Солушнс ДООЕЛ

Софтвер за менаџирање на станбени згради

Проектот предвидува развој на иновативна услуга преку софтверско решение за менаџирање на колективни станбени згради. Согласно Законот за домување секоја станбена зграда има обврска да формира Заедница на сопственици или да именува Управител кој се грижи за управувањето со зградата. Овој софтвер го олеснува управувањето и овозможува точно и навремено информирање на станарите за активностите, проблемите и финансиската состојба на Заедницата на сопственици, а придонесува да се заштеди време, енергија и да се задржат и подобрат добрососедските односи. Софтверот меѓу другото овозможува високо ниво на транспарентност во раководење на финансиите.

ПНА Технолоџи ДООЕЛ

Е-метрикс

Е-метрикс е систем кој ќе ја следи издржливоста, темпото на работа и перформансите на луѓето кои ракуваат со машини (оператори). Системот ќе генерира податоци за ефикасноста кои ќе бидат навремено доставени и ќе ги известат раководните лица. Е-метрикс ќе биде персонализирано во насока на потребите на операторите, информациите што им се потребни, колку време работат за дадена задача, која е целта и брзината и нуди предлози за одмори, доколку таа работи побрзо за да биде подобра од противникот, сè што ја прави нивната работа подинамична и интерактивна. Исто така Е-метрикс ќе донесе информации за статусот на производството во кој било момент, со што компаниите ќе добијат важни парементри а за тоа како систематски да го подобрат процесот на производство, да ги идентификуваат загубите, да го решат напредокот и да ја подобрат продуктивноста на опремата за производство.