Ова се 16-те стартапи кои добија 450.000 евра од Фондот за иновации

Шеснаесет македонски стартапи кои беа одбрани на првиот повик за кофинансирање ќе поделат 450.000 евра од Фондот за иновации и технолошки развој. Овие стартапи се покажаа подобри од 78-те стартапи кои аплицираа за парите од Владата, кои се позајмени од Светска Банка за цел да се креира фонд што ќе поттикне иновации и развој на локална стартап сцена.

Интересно, иако на повикот на Фондот може да аплицираат сите компании кои работат на иновативни продукти, без разлика од индустријата, сепак најмногу доаѓаат од ИТ и електронската индустрија, дури половина. Максималниот грант е од 30.000 евра, и грантот е неповратен, односно стартапите ќе треба да враќаат по 5 отсто од приходите во следните пет години. Ова се сите стартапи што добија пари:

  • Дарис Инженеринг за проектот Модуларен громобрански фаќач;
  • СТСС-Смарт Трафик Сејфти Системс – Изработка на интелигентни лежечки полицајци;
  • CodeWell за паметниот асистент MarkO;
  • Ебизнис Кочани за EmbedSocial;
  • Vapour Apps за Vapour Apps;
  • Чоко Авиаторс за Чоко Авиаторс;
  • Идекс системи Скопје  за платформа за навигација и известување во затворени простории;
  • Кликон Технологии за Кликон;
  • Kamai Media за играта Sonder епизода 1 & 2;
  • Esenso за Khal AppStore;
  • Knowledge Center Skopje за Аукциски тигар;
  • Хас Инжинеринг Скопје за Систем за домашна автоматизација;
  • Марјановиќ Едукација за Еверест;
  • Prime Apps за Развој на Placeformer платформа;
  • Smart Tech за Развој на инструментација за мерење и анализа на електрична енергија;
  • Марси eлектро системи Охри за Микропроцесорско управување на печки на пелети.

Kако што најавија од Фондот, ова е прв повик, но следниот веќе ќе биде на есен. Фондот има на располагање околу 2,3 милиони евра, сега без овие 450.000, со кои ќе треба да ја зајакне македонската стартап сцена. Идејата е да им се да даде поддршка на македонските компании да направат нешто иновативно, и да станат конкурентни на регионално ниво.

4 коментари на “Ова се 16-те стартапи кои добија 450.000 евра од Фондот за иновации

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии