BeeClever, Doktori.mk, Everyvent, GRIDer, IgrajOro, E-azbuka… се мобилните апликации кои влегоа помеѓу 15-те најдобри на вториот Android предизвик на Vip. Се уште нема официјално соопштение за колку имало пријавени идеи на натпреварот, и што е поважно колку од тие идеи биле реализирани во мобилни апликации.

Сите овие апликации-финалисти првин ќе се најдат на Vip Store, новата продавница на операторот преку која корисниците на Vip ќе можат да ги купуваат локалните апликациите со кредит, односно наплата на сметка. Подоцна можно е да видиме дел од тие апликации да се појават и на Google Play. APK фајлот за Vip Store ќе може да го симнете од тука.

Што се однесува до победникот, кој ќе биде одберен според дизајн, иновативност, функционални перформанси и финансиски модел на продажба, ќе дознаеме на 25.11.201 кога финалистите ќе ги презентираат своите апликации пред жирито.

Еве ја целата листа:

  • BeeClever.
  • Doktori.mk
  • E-azbuka
  • Everyvent
  • Fall Monitor
  • GRIDer
  • IgrajOro
  • iLearn
  • Kulturna Mapa
  • Nutrio
  • Organizira.me
  • People and Places around Me
  • Prelistaj
  • Skrateni Sistemi
  • Tvojot krug

Им посакуваме среќа на сите финалисти, иако според нас сите до еден се победници бидејќи ја збогатија македонската ИТ сцена со локални македонски апликации со кои ќе ги мотивираат и другите програмери и корисниците да го активираат овој мобилен екосистем.

7 коментари на “Ова се 15-те финалисти на вториот Android предизвик на Vip

  1. Два дена пробувам да направам user account преку апликацијата и не ми успева. Контакт центарот се уште не се јавил со конкретно решение освен небулозите од типот: А имате интернет? Па нормално дека имам…
    Апликацијата не овозможува да се направи акаунт, па со тоа и не е употреблива. Корисник сум на Вип со HTC one X

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии