Oва (не) е изненадување: Македонски Телеком и Т-Mobile Македонија стануваат една компанија

T-Mobile и T-Home ќе бидат една компанија, како што сите верувавме дека се. Но, сега е најавено официјалното спојување на двете компании кои ќе понудат фиксни и мобилни услуги „како интергриран давател на телекомуникациски услуги“. Официјално сите вработени, имотот, опремата и обврските во T-Mobile ќе бидат преземемени од Телеком.

Целта на присоединувањето, велат од Телеком, е да ја „зајакне лидерската позиција на Македонски Телеком на телекомуникацискиот пазар“. Според извршниот директор Андреас маиерхофер, присоединувањето ќе го оптимизира работењето, ќе бидат поефективни и ќе ги оптимизираат оперативните трошоци.

Ова официјално спојување сигурно ќе му даде шанса на Телеком да биде поконкурентен, посебно сега кога очекуваме да се спојат Vip и One во еден ентитет. Двата гиганти ќе се натпреваруваат на пазарот според сите можни услуги – од фиксна и мобилна телефонија до телевизија и интернет. Тоа што ќе биде добро за корисниците е што ќе ги добиваат сите услуги спакувани во еден пакет. Но, тоа што може да биде лошо е што двете компании ќе го стеснат пазарот, секој ќе држи по 50 отсто, и ќе можат лесно да ги одржат цените повисоки бидејќи ќе немаат што да изгубат.