Ова го знаевте, иднината на интернетот е мобилна

Facebook ги објави статистичките показатели и заработката за третото тримесечје на 2016. Друштвената мрежа има над 1.79 милијарди корисници месечно, уште поимпресивно платформата има над 1.09 милијарди корисници секојдневно. Бројот на корисници секој месец бавно се приближува кон 2 милијарди и сега е 1.79.

Бројката од над милијарда кои доаѓаат на мобилната платформа е „уште една“ милијарда. Но ова е можеби најважната милијарда на Facebook. Сајтот заработува најмногу од мобилните реклами. Оваа бројка од 1.09 милијарди корисници, всушност се однесува на корисниците кои секој ден на платформата и пристапуваат од мобилен уред. Сепак не станува збор единствено за корисниците на Facebook, туку и на Facebook Messenger. Она што го покажува графикот е дека последните две години бројот на мобилни корисници на друштвената мрежа е зголемен над 2 пати.

fb_mobile_only_q3_2016-800x512

Image: Facebook

Учеството на активни корисници од мобилните мрежи од 58,9 не е изненадување. Најголем дел од интернет сообраќајот, 68 отсто сега отпаѓа на мобилните корисници. Брзината на зголемување на учеството на мобилни интернет корисници е огромна, од 40 отсто во 2012; 68 отсто во 2916 , а предвудувањата се дека ќе биде 79 отсто до 2018. Предвидувањата на Zenith се дека ова ќе допринесе заработката од мобилни реклами во 2018 ќе биде 134 милијарди долари.

Оваа бројка можеби изгледа превисока, но никако не е изненадување. Facebook објави дека има заработка од над 7 милијарди долари и со тоа ги надмина превидувањата. Околу 78 отсто од заработката на компанијата отпаѓа на реклами, а 84 отсто од оваа заработка доаѓа од мобилните платформи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии