Хекерската група Ghost Shell објави милион кориснички податоци од банки, владини агенции и консултантски компании, но и компании за производство. Податоците се украдени од над 100 веб сајтови. Групата на Pastebin најави соработка со хактивистите Anonymous, и во своето соопштение најави нови напади, однсно два проекти закажени за есенва и зима. „Ова е само почеток.“, вели Ghost Shell.
Betabeat јавува дека со објавените податоци се опфатени и CIA и компании од Вал Стрит. Најголем број од податоците за нападите ги објавува и нивниот гласноговорник DeadMellox на својот Тwitter профил.
#ProjectHellFire – 1 million accounts/records leaked pastebin.com/BuabHTvrpastesite.com/42485privatepaste.com/450c2e35de gist.github.com/0d73bee9565ea2…— DeadMellox (@DeadMellox) August 25, 2012
Безбедносната компанијата која го анализира нападот Imperva, на својот блог објаснува дека за разлика од DDoS нападите кои се омиленоto оружје на Anonymous, овие напади се извршени сo SQL injection. Засега не е познато колку кориснички податоци се пробиени, но некои од базите содржат и над 30.000 податоци. Покрај стандардните повторувања на лозинките, една од компанијата користела претходно одреден формат на кој само се додаваат иницијалите на корисникот.
Во соопштението на Pastebin хакерите „понудија“ и пристап до 6 милијарди бази со кинеска и јапонска технологија, над 105 милијарди дата бази од американската берза, но и 3-4 пристапни точки до сервери на американското Министерство за одбрана.
Колку е тешко еден сајт како it.com.mk кој што е добро информиран и кој бил домаќин на текстови за хакери да се откаже употребата на зборот „хакер“ за означување на нешта што не се поврзани со „хакерство“?
Не е само еден сајт > https://www.google.com/search?q=hacker&rlz=1C…
Хакер е човек кој има посебни вештини кои може да ги користи за креативно или лошо. Хакери или кракери дебатата е апсолутна непотребна, освен ако контекстот на текстот или информацијата не налага да се направи разлика.