Ова е првиот банкомат во светот за биткоин

Следната недела ќе проработи првиот биткоин банкомат во светот. Локацијата на банкоматот ќе биде во центарот на Ванкувер, во Канада, а идејата е на неколку ентузијасти. Основач на компанијата која е сопственик на банкоматот е Мајкл Деметер, јавува Wired. Биткоин е нова децентрализирана електронска валута за која може да прочитате повеќе тука.

Корисниците на банкоматот ќе можат да ги заменат своите дигитални монети за пари, но и обратно, да купат битокоин за долари. Првиот банкомат за дигиталната валута е произведен од американската компанија Robocoin. За споредба доколку сега сакате да ги замените биткоините ќе треба да посетите некоја од берзите и да ги смените или купите биткоините. Втората опција е да најдете некој што сака да продаде или купи биткоини и во живо да ги размените парите за дигиталната валута. Со банкоматот купувачот ќе треба да ги внесе парите и ќе добие QR-код, со скенирање на кодот парите ќе се префрлат во дигиталниот новчаник.

Банкоматот има импресивна заштите со биометриски скенер кој ја скенира дланката на корисникот, со цел ниеден корисник да не може да купи биткоини со поголема вредност од 3.000 Канадски долари поради Законот за заштита од перење на пари во Канада. До крајот на годината уште четири нови банкомати ќе пристигнат во Торонто, Монтерал, Отава и Калгари.

[youtube]uoiAewo5K7s[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии