Ова е почеток на крајот на RIM и BlackBerry?

Ако не може да се игра Angry Birds, тогаш кажете му чао на паметниот телефон, пишува Александра Петри од Washington Post коментирајќи ја последната вест дека Research in Motion отпушти 2.000 луѓе, 10 отсто од вработените, по лошите резултати во последниот фискален период. RIM пријави 695 милиони долари прoфит, што е голем пад од 935-те милиони кои се пријавени во претходниот период пред само четири месеци. Според RIM, oва се должи на помалата испорака на BlackBerry телфоните, околу 13 милиони уреди се испорачани

BlackBerry беше една од најдоминантните компании за паметни телефони, заедно со Nokia која од тогаш се отараси од една мобилна плафторма за да соработува со Microsoft и да остане играч на пазарот. RIM сè уште нема моќен партнер кој ќе ги извлече од незгодната ситуација во која се наоѓаат. Доминацијата на канадската и финската компанија беше прекината од Apple-овите iPhone и iPad, а подоцна и од Google кои го претставија Android, платформа која ја прифатија поголем дел од производителите и која само за 3 години станува водечка платформа за паметните телефони и таблет компјутери.

Не се работеше само што овие нови уреди имаа се поголеми екрани со допир приспособени за сурфање и гледање видео, и BlackBerry има модели со целосен екран на допир без физичка тастатура, туку се работи за апликациите, за можностите на што може да се прави со тој оперативен систем. Токму затоа и Nokia се откажа од Symbian. Денес за Аpple-овиот iOS има над 300.000 апликации, за Android 200.000, а за BlackBerry има само 38.000 апликации.

BlackBerry Bold 9930 е еден од поновите уреди на RIM.

Во трката за доминација на пазарот на таблет компјутери RIM испорача само 500.000 PlayBook уреди по објавувањето во април. За таблетот кој требаше да биде хит, RIM се уште не кажува колку од тие се купени од корисници и бизниси. За споредба Apple продаде на 10 милиони iPad 2 уреди по само пет месеци од објавувањето, односно над 25 милиони продадени прва генерација iPad-и.

За да биде полошо за BlackBerry, Apple во своите идни iPhone 5 уреди ќе ја интегрира iMessenge апликацијата која би требало да им го понуди тоа по кое што BlackBerry уредите беа познати – лесна и брза комуникација со пријателите и бизнис контактите.

BlackBerry останува на третото место на паметни платформи во САД, според ComScore, зад Android и iOS, но како продавач за паметни телефони падна на петто место, зад Apple кој продава само еден телефон. RIM вели дека отпуштањето на вработените е со цел да се намалат трошоците и да се преусмерат ресурсите, но тешки времиња ја чекаат канадската компанија. Ќе треба да претстави нови уреди кои ќе бидат конкурентни и привлачни за корисниците, и ќе треба да го направи тоа во периот кога ќе се појави и iPhone 5.

RIM во меѓувреме најави дека денеска ќе се појави BlackBerry OS 7 заедно со нови уреди.

You got it! New #BlackBerry devices are coming w/ our new OS, BlackBerry 7! Check back tmrw 4 deets on #BB7FanNight. ^CHless than a minute ago via CoTweet Favorite Retweet Reply

2 коментари на “Ова е почеток на крајот на RIM и BlackBerry?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии