Oва е новиот и редизајниран Windows 8

Прво значително што ќе примети секој Windows корисник е комплетно нов дизајн, кој по малку наликува на Windows Phone интерфесјот. Апликациите ќе се стартуваат од Start екран кој ќе може да се персонализира и ќе го замени Start менито. Целиот интерфејс е со таканаречените „плочки“ (tiles) кои ќе ги прикажуваат нотификации и најновите информации од апликациите.

„Плочките се подобри од иконите бидејќи имаат простор да ви прикажуваат информации, пример температура за времето без да мора да се отвори апликација.“, објаснува Џенсен Харид од Microsoft.

Отворените плочки т.е. апликации на цел екран ќе може да се менуваат само со движење на прстите или со Snap опцијата да се прегледуваат апликациите во мал таб. Windows 8 ќе користи стандардни Windows апликации, но и апликации напишани во HTML5 и JavaScript, кои ќе работат на целиот екран. Microsoft вели дека Internet Explorer 10 е веќе наместен да функционира на таков начин, со апликации и виџети на цели екрани.

Од демото може да се види дека на Start екранот има и Store плочка, најверојатно Microsoft преку веб продавница ќе дистрибуира апликации како што тоа го прави Apple, и како што планира Google преку својот Chrome OС. Нема детали кога може да се очекува Windows 8. Најавено е само дека ќе има повеќе информации во септември на програмерска конференција во Калифорнија.

[youtube]p92QfWOw88I[/youtube]

6 коментари на “Oва е новиот и редизајниран Windows 8

  1. Зошто сте такви аматери? Нели гледате дека оваа верзија е наменета за ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ, телефони и сл., додека десктоп верзијата ќе биде вака, но ќе има опција за вклучување на стариот интерфејс што е нормално. Тоа може и на видеото да се види кога го пуштаат Power Point.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии