Ова е новиот BlackBerry Z10?

Новиот модел на BlackBerry 10 ќе доаѓа во два модели едниот со целосна посветеност кон екраните на допир наследник на „линијата“  Torch и телефон со QWERTY-тастатура наследник на Bold. Веста заедно со првиот објавен маркетинг материјал ја објави Unwired.

Blackberry ќе го напушто досегашното четирицифрено именување на телефоните и новиот модел ќе биде наречен поедноставно BlackBerry Z10 за моделот со екран на допир и непотврдено X10 за моделот со тастатура. Новата серија на телефони најверојатно ќе ќе дојде во црна и бела варијанта.

По последните финансиски извештаи, 30 јануари и излегувањето на новиот паметен телефон за RIM не може да дојде доволно брзо. Сепак сега е се по извесно дека без разлика од квалитетот на телефонот, доколку RIM не успее да убеди дел од корисниците да се вратат назад, наскоро може да се најдат во понезавидна положба од Nokia.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии