Ова е новата генерација на Nexus уреди кои работат на „амбициозниот“ Android Lollipop

Google во соработка со Motorola и HTC ја претстави новата генерација на Nexus уреди. Новиот телефон Nexus 6 доаѓа во соработка со Motorola, a Nexus 9 таблет компјутерот е во соработка со HTC. Kако додаток на Nexus серијата Google го претстави и Nexus TV. Ова се првите уреди кои ќе доаѓаат со новиот оперативен систем Android 5 Lollipop.

Motorola која го изработи телефонот заврши одлична работа бидејќи телефонот изгледа навистина одлично, иако дел од коментарите секако ќе бидат дека уредот е преголем. Nexus 6 доаѓа со рамка изработена од алуминиум и со 5,95-инчен екран со што е поголем од Galaxy Note 4 и iPhone 6+. Nexus 6 доаѓа со Snapdragon 805 процесор; 13МР и 2МР камери. Батеријата е 3220 mAh и може да се наполни дел од неа за 15 минути, овој дел е доволен за 6 часовна работа на телефонот. Nexus 6 ќе доаѓа во две варијанти со 32GB и 64GB слободен простор. Телефонот ќе биде достапен во претпродажба од 29 октомври за 650 долари.

[youtube]wk-PY2dBKaA[/youtube]

HTC е вториот партнер на Google за новиот Nexus таблет компјутер кој е поголем од 7-инчи. Nexus 9 е изработен од алуминиум и е првиот Android уред со 64-битен процесот, супермоќниот Tegra K1; Дисплејот е QXGA 8.9-инчи доаѓа со резолуција 2048×1536 и 4:3 сооднос; две камери задна 8МР и предна 1.6МР. Тоа што е навистина одлично е што фокусот е на функционалноста и Nеxus 9 доаѓа со тастатура која магнетно е прикачена за таблетот. Батеријата овозможува работа од 9 часа. HTC во таблетот ја вметна и BoomSound технологијата. Nexus 9 доаѓа во неколку верзии 16GB слободен простор за 400 долари, 32GB за 480 долари и LTE модел со 32GB простор за 600 долари. Првите два модела ќе бидат достапни во претпродажба веќе од 17 октомври.

[youtube]yYHY3MFiq1o[/youtube]

Последниот уред кој го претстави компанијата е Nexus Player, најновиот обид на компанијата да ја освои дневната соба. „Со Google TV можевте да добиете многу апликации, но нивните верзии беа како верзија за 10 инчен таблет да ставите на 50-инчен телевизор. Тоа не е во ред“ вели потпретседателот за Android, Хиросши Локхајмер, за BBC. Nexus Player сет-топ боксот, ќе доаѓа со специјализирани апликации кои ќе бидат наменети за Android TV. Паметни телевизори кои ќе доаѓаат од Sony, Sharp и Philips.

[youtube]rqFdNvxLjCY[/youtube]

Сепак тоа што можеби најпријатно изненадува е што овие уреди се направени да ги покажат можностите на новата верзија на Android оперативниот систем. Android Lollipop најпрво ќе излезе за Nexus 5 и Nexus 7 и тоа надградбите ќе започнат веќе од петок. Оперативниот систем доаѓа со 5.000 API-a за девелоперите. Според најавите една од новините кои ќе бидат овозможени е креирање на два профили еден за работа и еден приватен. Промената од еден во друг модел ќе биде едноставна и речиси незабележителна. Апликациите на двата профила ќе имаат пристап до различни податоци.

[youtube]AD-oCSoI9OQ[/youtube]

Промена ќе има и со воведувањето на Material Design, кој ќе овозможи различна реакција преку анимација или промена на бои во зависност од акциите на корисникот. „Анимациите и брановите се супер за изгледот, но истовремено имаат и улога му велат на корисникот притисна тука, софтверот го забележа тоа и сега работи.“

Нотификациите сега наликуваат на картички а корисникот има поголем избор па може да определи кои апликации ќе ги добива кој не. Дел од нотификациите за кои сте одбрале dека се важни ќе бидат прикажувани директно на lock-екранот. Со оглед на тоа дека сега почесто ќе го користите телефонот, Google додаде опција за штедливо работење со батеријата, кое може да го продолжи периодот на работа помеѓу полнењата за 90 минути.

[youtube]TRmgMe2STL0[/youtube]

4 коментари на “Ова е новата генерација на Nexus уреди кои работат на „амбициозниот“ Android Lollipop

  1. Хехехехе, ОК, претерав и јас со 0.01 инч разликата, но ако е заокружена цената, заокружете ја и големината на екранот. Но, другите податоци се прилично важни, пример QVGA = Quarter-VGA = 320×240 pixel-и и уредот не се вика Nexus TV, туку Nexus Player…

    Сепак, немав лоша намера со коментарот.

  2. *Nexus Player, не Nexus TV
    *Android 5.0 Lollipop, не Android 5.5 Lollypop
    *5,96-инчен екран, не 5.95
    *QXGA, не QVGA
    *преку 5000 нови API-а, не 5000 API-a
    *цените… за по 1 долар разликите?

    Ве молам прочитајте го текстот прво пред објава и држете се до точни податоци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии