Ова е моментот кога Марк Закерберг го примија на Харвард

Марк Закерберг на својот Facebook профил објави видео од моментот кога дознал дека е примен на Харвард. Причина за ова е почесната диплома од Харвард која ќе ја добие следната недела.

Г. Закерберг се запиша на Харвард, но го напушти за да има повеќе време да работи на за сега најголемата друштвена мрежа. Сега Facebook има 2 милијарди корисници, а Марк е петти на листата најбогати луѓе со 56 милијарди долари.