Ова е Cortana, гласовниот асистент на Microsoft

Кога станува збор за оперативните системи за паметните телефони, последниве неколку месеци фокусот речиси целосно е на надградбата за Windows Phone 8.1. Покрај надградбите кои Microsoft ги прави на барање на корисниците, најчесто спомнувана нова функција е додавањето на гласовниот асистент Cortana.

Cortana и дефинитивно ќе дојде со Windows phone 8.1 надградбата, јавува Verge. Порталот дојде до дефинитивниот изглед на асистентот, кој за жал барем засега нема да го има ликот на Cortanа од HALO серијалот, туку ќе биде анимирано сино кругче. Слично како Siri и Cortana ќе може да му дава прекари на корисникот, но се чини дека сепак главна функционалност е можноста на Cortana да пристапи до Notebook. Од тука Cortana ќе има пристап до локацијата, личните податоци, навиките на корисникот, потсетникот и слично. Покрај пристапот до зачуваните податоци асистентот ќе може и самиот да зачува податоци во потсетникот.

Се очекува Microsoft да ја претстави Cortana на Microsoft Build Conference заедно со останатите промени на Windows Phone 8.1. конференцијата која ќе се одржи од 2 до 4 април во Сан Франциско.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии