Отворено писмо до Вашингтон од Google, Mozilla, PayPal, eBay, Twitter, Netscape, craiglist, Flickr, Yahoo, YouTube, Wikipedia

Влијателните ИТ компании од Силиконската долина претија отворено писмо до Вашингтон барајќи од властите да размислат поубаво пред да ги прифатат предлог-законите Stop Online Piracy Act (SOPA) и Protect IP Act кои се наоѓаат пред американскиот Конгрес.

Овие два акти велат дека властите и компаниите (читај: Холивуд и музичките студија) ќе имаат моќ да бараат од интернет провајдерите законски да гасат цели сајтови кои имаат пиратска содржина, што може да резултира во цензура. Дополнително, се очекува секој веб сервис да следи каква содржина споделуваат корисниците. Овие акти се продолжување на законите од 1998-ма година во кои е наведено дека сајтовите мора да тргаат нелегална содржина кога тоа ќе се побара од нив.

Подолу е целото писмо преведено на македонски од ИТ компаниите:

Отворено писмо до Вашингтон:

Сите ние имавме добра среќа да основаме интернет компании и непрофитни организации во регулирана клима што промовира претприемништво, иновации, креирање на содржина и слобода на изразување онлајн.

Меѓутоа, загрижени сме дека Protect IP Act и Stop Online Piracy Act – кои започнаа како добронамерен обид да се контролира пиратеријата – ќе ја потцени таа рамка.

Овие две легислативи се закануваат да:

– Побараат од веб сервисите, како они на кои им помогнавме да се основаат да ги следат корисниците до што линкаат и што закачуваат на сајтовите. Ова ќе има лош ефект врз иновацијата;

– Ќе им се одбие правото на правна постапка на основачите на сајтовите;

– Ќе и се даде моќ на Владата на САД да го цензурира Вебот користејќи техники слични на тие што се користат од Кина, Малезија и Иран; и

– Ќе се потцени онлајн безбедноста со промена на основната структура на Интернет.

Бараме од Конгресот да размисли убаво пред да ги променува регулативите кои се поткрепа на Интернетот. Не треба да им го негираме правото на следните генерации на претприемачи и основачи да ги имаат истите можности како што ние ги имавме.

Марк Андерсон, ко-основач на Netscape and Andreessen HorowitzМишел Бакер, ко-основач на Mozilla Firefox
Сергеј Брин, ко-основач на Google
Џек Дорси, ко-основач на Twitter и Square
Катерина Фејк, ко-основач на Flickr и Hunch
Дејвид Фило, ко-основач на Yahoo
Рејд Хофман, коосновач на LinkedIn
Ариана Хафингтон, ко-основач на The Huffington Post
Чед Харли, ко-основач на YouTube
Бревстер Кахле, основач на Internet Archive и ко-основач на Alexa Internet
Елон Муск, ко-основач на PayPal
Крег Њумарк, основач на craiglist
Пјер Омидаур, основач на eBay
Биз Стон, ко-основач на Obvious И Twitter
Џими Велс, основач на Wikipedia и the Wikimedia Foundation
Еван Вилијамс, ко-основач на Blogger и Twitter
Џери Јанг, ко-основач на Yahoo!“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии